ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрсовска го разреши Перински, а Мицкоски призна дека има раздор
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2022 21:08
АРСОВСКА УПАДНА НА ПРЕСОТ НА РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му упадна на прес конференцијата на разрешениот директор на Водовод, Златко Перински.
Таа рече дека дошла да види во кое својство разрешениот Перински држи прес во службените простории кога веќе не е директор.
Перински ја покани градоначалничката да присуствува на прес-конференцијата, на која ги отфли како паушални и неосновани сите нејзини обвинувања. Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.МИЦКОСКИ ПРИЗНА ДЕКА СО АРСОВСКА ТРГНАЛЕ ПО РАЗЛИЧНИ ПАТИШТА
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Мицкоски рече дека во животот не секогаш се исполнуваат очекувањата
„За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исти како што сте ги имале тие очекувања, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот“, изјави Мицкоски.ДАЛИ ЌЕ „ПАДНЕ“ ХЕРСОН?
Кирил Стремусов, кој е еден од лидерите на руските власти во окупираниот Херсон во јужна Украина, утринава објави порака на Телеграма во која ги споменува пријавените територијални загуби на руските сили на север, но и тврди дека Херсон нема да падне.
Во објавата тој наведе и дека „Херсон е и ќе биде руски град“ и дека никој нема да се предаде или да се повлече.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




