18 Декември, 2025
0.0405

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aсмир Јахоски излегува од притвор со гаранција

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2025 21:54

Добивај вести на Viber

ЈАХОСКИ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР

Сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски излегува од притвор. Судот ја прифати гаранцијата. 

Апелациониот суд Скопје информира дека на нејавна седница одржана денеска ја уважи жалбата на осомничениот А.Ј од С.

„Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Република Северна Македонија. 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗАМРЗНА ИМОТ НА ФИРМАТА РУД-КОП

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против седум лица од ЕСМ кои незакоснки му овозможиле екстра заработка од178.370.319 денари на операторот Руд-Коп за ископ на јаловина во рудникот Брод Гнеотино на РЕК Битола. Средствата на фирмата на Кирил Билјановски се замрзнати,како што информира Обвинителството.

Обвинение е поднесено и за 3 службени лица од Бирото за јавни набавки, членови на Стручната комисија со овластување да извршат евалуација на понудите на јавна набавка за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, кои „елиминирале“ конкурентска фирма да не може да учествува на тендерот.

ОД „SUPPORT KOCANI“ ИМААТ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЖИВОТОТ ВО ГРАДОТ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“.

Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето како: отворање дисперзирани студии по информатика, екипирање и опремување на противпожарната служба, реновирање на болницата и кадровско дополнување, отворање на младински центар, во којшто, покрај индивидуални и групни терапии во функција на психолошка поддршка, би се организирале бројни работилници на важни теми за младите и многу други. Веруваат дека младите преку дружење и заеднички активности побрзо и полесно ќе ја надминат траумата од пожарот кој се случи на 16 март годинава. 

„Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата“, рече Сиљановска-Давкова.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Системите за вентилација или системи за отчадување можат да помогнат и да спасат животи во случај на избивање на пожари.

Познатиот бизнисмен Горан Антевски, кој е член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, купил 1.000 акции на таа банка. 

Државните онлајн коцкарници оствариле минимални приходи во текот на минатата година, пред Владата да одлучи да им го забрани работењето. Сите четири прикажале загуба по една година од работењето.

Штип може да се пофали дека најголемата компанија со седиште во најголемиот град на македонскиот исток е домашно поседувана. И не само тоа. Основана е локално, домашен гринфилд и понатаму расте. Во штипската економија значајно место имаат странските гринфилд инвестиции, но и други домашни реномирани и етаблирани компании.

И покрај поскапувањето и станувањето се понеисплатлива инвестиција, Македонецот и натаму многу повеќе преферира да си кипи половен автомобил, наспроти нова кола. И годинава многу повеќе од минатата.

Со години наназад, пациентите со дијабетес во Македонија се соочуваат со истиот пекол, трчање од аптека до аптека, барајќи го неопходниот инсулин, но и ленти, глукомери, пумпи...што неретко ги нема на залиха. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?