ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бактерии во чешмите и во мусаката се причина за труењето во „Димо Хаџи Димов“
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 22:22
БАКТЕРИИ СЕ ПРИЧИНА ЗА ТРУЕЊЕТО ВО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“
Во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, соопшти Институтoт за јавно здравје (ИЈЗ).
После денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето.Во однос на труењето со храна кое деновиве се случи во училиштето „Димо Хаџи Димов“, премиерот Христијан Мицкоски рече дека неговиот син Антони бил во таа група.
„Имаме некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран, сакам да демантирам, беше во состојба во каква што беа и другите дечиња. Беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше на училиште“, рече Мицкоски.ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА УРИВА ДИВОГРАДБИ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилена акција за отстранување на бесправно изградените објекти низ градот. Тој порача дека јавните простори мора да им припаѓаат на граѓаните, а не на поединци кои со години узурпираат тротоари, пешачки патеки и заеднички површини.
„Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани“, напиша Ѓорѓиевски.СТРАШЕН СЛУЧАЈ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО СТРУМИЧКО
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“.
Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




