11 Декември, 2025
0.0262

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТИКВЕШ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОПАРАТ – дефинирана сумата по акција, парите ќе треба да легнат најдоцна до први март

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2025 16:02

Добивај вести на Viber

Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци ја определи висината на дивидената која ќе ја подели на своите акционери. Како што е посочено во нивните документи, ќе се дели дивиденда од акумулираната добивка на компанијата од 2017 и 2018 година.

Одлуката за делење на дивидендата треба да биде изгласана на 29 декември, а најавата е дека парите на сметките на акционерите ќе легнат најдоцна до први април следната година.

Сопствениците на акции во оваа наша успешна компанија може да очекуваат на сметките да им легнат убави суми, имајќи во предвид дека висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 1.198 денари.

Согласно податоците само за 2017 година Тиквеш има акумулираната добивка која достигнува 170.815.158 денари или над 2,7 милиони евра. Додека за 2018 година добивката изнесува 153.393.295 денари или скоро 2,5 милиони евра. Ова значи дека вкупно за споменатите две години добивката надминува 5,2 милиони евра

А еве како планираат да бидат распределени овие средства.

-  Дел за дивиденда во бруто износ во акции на акционерите на Тиквеш сразмерно нивното учество во основната главнина по пат на издавање на нова емисија акции од 323.595.076 денари.

Дел за исплата на дивиденда во пари на платежни сметки на акционери 613.377 денари.

Акумулираната добивка на Тиквеш од 2017 и од 2018 година ќе се употреби за исплата на дивиденда во акции дел во пари на платежни сметки на акционерите, сразмерно на учеството на нивните акции во досегашната основна главнина на Тиквеш – се наведува во документот објавен на Македонска берза.

Издадените акции од новата емисија ќе бидат регистрирани на сметките на сопствениците во Централниот депозитар на хартии од вредност по усвојувањето на одлуката од Собранието на акционери. 

Делот за исплата на дивиденда, што ќе се исплаќа во пари, на платежни сметки на акционерите, ќе биде исплатен по уписот на зголемувањето на основната главнина во Централниот регистар на РСМ, а најдоцна до први март 2026 година.

Друштвото во согласност со регулативата, од бруто износот на дивидендата при исплата на физичките  лица ќе уплати данок на личен доход, а при исплата на правните лица ќе уплати данок по задршка каде што е применливо.

- Висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 1.198 денари, односно 38,1 отсто од номиналната вредност на акциите која изнесува 51,13 евра или 3.145 денари. Собранието на акционери на Тиквеш ќе се одржи на 29.12.2025, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2017 и 2018 година, односно право на дивиденда ќе имаат акционерите регистрирани во акционерската книга на 26.12.2025 година – се посочува во документите, објавени на Македонска берза

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?