ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бектеши вели дека се можни тензии по укинувањето на балансерот
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2024
БЕКТЕШИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ МОЖНИ ТЕНЗИИ ПОРАДИ УКИНУВАЊЕТО НА БАЛАНСЕРОТ
Поранешниот министер за економија од ДУИ, Крешник Бектеши вели дека се можни тензии по укинувањето на балансерот.
„Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација и тие самите сакаат да дестабилизираат. ДУИ, Ахмети и ние како претседателство на партијата јасно кажавме дека на нашата држава не ѝ треба дестабилизација, но во спротивно и требаат разговори и треба дијалог каде што сите ќе бидат еднакви во оваа држава“, вели тој во интервју за Радио Слободна Европа.AРСОВСКА ВО БРИСЕЛ СЕ ПОЖАЛИ НА ПОЛИТИЧКО МЕШАЊЕ
Скопската градоначалничка Данела Арсовска во Европскиот парламент во Брисел, се пожали дека локалната власт се соочува со политичко мешање.
Таа беше таму на покана на Европскиот комитет на региони и ја отвори 162-та Пленарна седница посветена на процесот на проширување и пристапување кон Европската унија, каде во своето обраќање ги изнесе главните препораки и предизвици со кои институциите на локално ниво се соочени во Македонија.
„Повеќе од 70 отсто од законодавството на ЕУ ги засега локалните власти, затоа успешна хармонизација и имплементација на ЕУ регулативата може да се гарантира со мултилатерална соработка каде централните и локалните власти се надополнуваат. Градовите треба да бидат вклучени во справувањето со значајните предизвици преку заедничка работа и градење мостови на соработка и пријателство“, рече таа.ЗЕМЈОТРЕСИ ВО РЕГИОНОТ
Серија на земјотреси денеска ја затресоа Хрватска.
Во 14 часот и 59 минути е регистриран потрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер во Јадранското Море, на територијата меѓу Сплит и Биоград на Море, објави ЕМСЦ.
По 17 часот, ЕМСЦ извести и за земјотрес со јачина од 2,4 степени на околу 13 километри североисточно од Задар. Сеизмолошката служба соопшти за два земјотреси на Велебит.
Утрово имаше земјотрес во Врање кој го почувствуваа и жителите на Куманово. Се работеше за потрес со јачина од 3.7 степени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.