МАЈКАТА НА ВАЊА НЕ ПОЗНАВА НИТУ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ: Заврши денешното рочиште
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024 14:39
Во денешното рочиште за двојното убиство на 14-годишната
Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, сведочеше мајката на девојчето,
Зорица Ѓорчевска. На вкрстени прашања од адвокат Марјан Витановски, бранител на
првообвинетиот Љупчо Палевски, таа одговори на неколку клучни прашања поврзани
со соработката меѓу нејзиниот татко и Палевски.
На прашањето дали ѝ е познато дека нејзиниот татко имал соработка со првообвинетиот во купопродажба на станови, таа одговори потврдно. Во врска со можни недоразбирања помеѓу нив, Ѓорчевска изјави дека нејзиниот татко би се повлекол доколку имало несогласувања.
Кога беше прашана дали има било какви сомневања за можен конфликт меѓу нејзиниот сопруг и Палевски, таа истакна дека нема сознанија и дека не следи медиуми, обидувајќи се да го заштити своето дете од вестите и шпекулациите.
Адвокатот Витановски исто така изјави дека Зорица Ѓорчевска пред судот потврдила дека не познава ниту еден од обвинетите и не навела дека се сомнева дека нејзиниот сопруг имал контакт со Палевски.
„Во својот исказ, таа не посочи дека ги познава обвинетите, ниту дека има било каков сомнеж за врска меѓу нејзиниот сопруг и првообвинетиот“, изјави Витановски.
Расправата продолжува на 16 октомври.
фото: Вангел ТануровскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




