11 Јули, 2025
0.0326

ЗЕТОТ И ЌЕРКАТА НА ПАНЧЕ ОТКРИЈА ДЕКА ОСОМНИЧЕНИОТ ВЕЛИБОР И ПАНЧЕ СЕ ПОЗНАВАЛЕ И ИМАЛЕ СПОР: Велибор му правел двор со бекатон плочки, но на Панче не му се допаднало

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024 13:08

Добивај вести на Viber

Ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова, денеска сведочеше за време на судењето за убиството на Вања и Панче. 

Таа за време на сведочењет орече дека не ги познавала обвинетите и дека никогаш не ги видела.

Сепак, рече дека Панче се познавал со обвинетиот Велибор Манец, бидејќи го ангажирал како пријател каменорезец за некои работи околу куќата. Рече дека Велибор живеел на десетина минути од Панче и дека во моментот кога дознала дека татко и го нема, нејзиниот сопруг излегол и отишол во неговата куќа за да провери. Кога стигнал, работела греалката и сијалицата светела. 

Таа рече дека татко и Панче, го тужел Велибор Манев уште во 2007 година но не знаела за што е спорот. 

Додаде дека не можела да влезе и да го идентификува неговото тело. 

Првообвинетиот за убиството, Љупчо Палевски Палчо, ја праша Ана дали го познава, меѓутоа таа рече дека не го познава и дека со нејзиниот татко не разговарала за неговите пријатели.

Зетот на Панче и сопруг на Ана, Тодор Кирков во своето сведочење рече дека не комуницирале многу често со дедото, еднаш-два пати во месецот.

Тој за време на сведочењето рече дека отишол да провери во куќата на Панче, откако неговат сопруга му кажала дека татко и го нема. Го барал низ собите но него го немало.

Рече дека изчезнувањето на Панче го пријавиле попладнето околу 18 часот, и дека тој го идентификувал телото. 

„Ни се јавија во недела од полиција. Кога го видов телото, имаше дупка кај устата и крв кај очите. Панче беше добар, нормален човек, не можам да кажам ништо лошо за него. Јас се познавам со Велибор и со Боро. Со Велибор заедно учевме во средно. Знам дека Панче имаше некој спор со Велибор “ рече Тодор.

Сепак зетото на Панче откри зошто Панче го тужел Велибор. Тој нагласи дека биле договорени Велибор да му го среди дворот на Панче за 1.600 евра, од кои Панче му дал 1.100 и му рекол дека ќе му доплати кога ќе се врати од Германија. Но сепак парите не му ги додал, затоа што не му се допаѓало како ја сработил работата. Потоа Велибор ги извадил бекатон плочките и оттука избил и спорот меѓу нив. 

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува во среда. Следни сведоци се: Дејан Димовски, Музафер Каишиќ, Ристе Самарџиев, Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми, Мирче Мицевски и Митре Лазаревски.


Можеби ќе ве интересира

ГОРИ НА ДЕСЕТИНА ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА - пожарникарите и понатаму се борат со пламените јазици, испратена помош од ЕУ

ГОРИ НА ДЕСЕТИНА ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА - пожарникарите и понатаму се борат со пламените јазици, испратена помош од ЕУ

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

„ПРИГОВОРИТЕ НА ОДБРАНАТА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ ВЕШТАЧЕЊА СЕ БЕСПРЕДМЕТНИ“: Обвинителство за случајот „Онкологија“, еве го ставот на адвокатите

„ПРИГОВОРИТЕ НА ОДБРАНАТА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ ВЕШТАЧЕЊА СЕ БЕСПРЕДМЕТНИ“: Обвинителство за случајот „Онкологија“, еве го ставот на адвокатите

„ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЧ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ КОЈ СУМ ГО ВИДЕЛ, МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПЕКОЛ“: Михаилов со мали повреди при гасењето на пожарот во Дојран

„ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЧ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ КОЈ СУМ ГО ВИДЕЛ, МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПЕКОЛ“: Михаилов со мали повреди при гасењето на пожарот во Дојран

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ОНКОЛОГИЈА“: новото рочиште закажано за септември, адвокатот на Васев го оспорува судскиот вештак од Словенија

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ОНКОЛОГИЈА“: новото рочиште закажано за септември, адвокатот на Васев го оспорува судскиот вештак од Словенија

„Му пришол од зад грб додека редел роба на тезга и го нападнал со кујнски нож“: Обвинителство покрена исграга за обид за убиство (Обновено)

„Му пришол од зад грб додека редел роба на тезга и го нападнал со кујнски нож“: Обвинителство покрена исграга за обид за убиство (Обновено)

„ОХО продукција“ и режисерот Игор Стоименов ќе го снимаат филмот за Тоше Проески со копродуцент од странство

„ОХО продукција“ и режисерот Игор Стоименов ќе го снимаат филмот за Тоше Проески со копродуцент од странство

Уапсен земјоделец за предизвикување пожар

Уапсен земјоделец за предизвикување пожар

„БАРААТ ДА СЕ СКАРАМЕ СО СРБИТЕ“: Ванковска открива друг дел од извештајот на ЕУ, еве што и пречи на Европа!

„БАРААТ ДА СЕ СКАРАМЕ СО СРБИТЕ“: Ванковска открива друг дел од извештајот на ЕУ, еве што и пречи на Европа!