Таравари: Докторите направиле погрешни проценки при смртта на 14-месечното бебе

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024 15:21
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека на Клиниката за детски болести при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на 14-месечното дете кое почина.
Според министерот, дополнително, на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ констатирана е неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.
Ова се дел од заклучоците на Комисијата на Министерството за здравство кои денеска ги пренесе пред јавноста Таравари, откако на 5 октомври, на Детска клиника почина 14-месечно девојче, кое претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во „Козле“.
„Стручниот надзор утврди пропусти од 3 типа: системски, технички и во однос на стручноста. Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритмни за тријажа на пациенти при прием, и дека треба потреба од континуирана обука од докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во ‘Козле’ е утврдена дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа“, рече министерот за здравство Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.
Можеби ќе ве интересира
ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: Koлку се чека на Табановце и на Богородица?

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

АКО НЕКОЈ СЕПАК СЕ РЕШИ ГРАДОТ ДА ГО ЗАМЕНИ СО СЕЛО: Ова се прашањата кои треба да си ги постави

ЗА 11 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПОСТАПКАТА Е ЗАПРЕНА: Меѓу нив е и Панчо од ДНК

ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час
