ФАКТОР НА ДЕНОТ: Битката со коронавирусот ја изгубија 36 луѓе, меѓу нив и младо момче од Ресен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Август, 2021
ДЕНЕС ИМА 36 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Гостивар – 106, Тетово – 85, Куманово – 37, Струмица – 30, Кичево – 25, Охрид – 21, Струга - 18, Битола – 11, Кавадарци и Ресен - по 9, Штип – 8, Кочани и Дебар – по 7, Радовиш, Берово и Кратово – по 6, Виница – 5, Прилеп – 4, Велес и Свети Николе – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1.
Пријавени се 36 починати лица: 11 починати лица од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево ( 72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ).МЕЃУ ПОЧИНАТИТЕ Е И МЛАДО МОМЧЕ ОД РЕСЕН
Починатото 24 годишно момче само побарало да се лечи дома, велат од Министерството за здравство.
Тој утрово починал во Клиничката болница, каде бил примен пред три дена. Министерството за здравство информираше дека на 24 август тој бил примен на инфективното одделение во битолската болница како суспектен на вирусот во тешка здравствена состојба, со ниска сатурација и отежнато дишење, имал масивна бронхопневмнонија. Иако на него му била дадена терапија и е ставен на кислородна поддршка, пациентот, како што наведуваат од министерството, одбил да остане на болничко лекување.
Лекарите го запознале со неговата сериозна здравствена состојба, но тој побарал да биде пуштен на домашно лекување.ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ УЧАТ ОН ЛАЈН
Во Тетово и Гостивар средните училишта ќе ја почнат учебната година со он лајн настава, затоа што епидемиолошката состојба е лоша.
Првите две седмици ќе учат електронски. Оваа препорака денеска ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Една од главните причини да се донесе една ваква одлука е сепак состојбата во болниците кои се оптеретени“, рече Филипче.
Филипче вели дека во средните училишта во двата града има голем број средношколци, и тоа може да биде ризик фактор.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи бараше годината да почне со он лајн настава. Таа бараше три недели да се учи он лајн.
ДИМИТРИЕВСКИ КАКО НЕЗАВИСЕН ОДИ НА ИЗБОРИ, ОД СДСМ ВЕЛАТ ИМ ВРТИ ГРБ НА ГРАЃАНИТЕAктуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека искрено жали што некои поединци неговата независна кандидатура ја доживуваат како предавство.
Вели дека за него приоритет е Куманово и граѓаните. Изјави дека не станува збор за негови лични амбиции туку се работи за еден континуитет на едно можеби поразлично размислување од група на луѓе кои во моментов имплементираат власт.
„Партијата ја раководат органи и тела, и во рамки на органите и телата на партијата треба да се размислува многу пошироко, а принципиелно да се држиме до принципите кои претходно ги дефинираме”, вели Димитриевски.СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро, соопштија денеска од партијата откако актуелниот градоначалник на градот Максим Димитриевски, нивен член, поднесе во ДИК независна кандидатура.
ЗА ТРИ НЕДЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАА 276 ЛУЃЕ ОД КОВИД
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 26 август. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 26.08.2021 на територија на државата 17.020 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 17% биле целосно вакцинирани, односно 2924 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Универзитетот за туризам и менаџмент го заокружува јубилејот од петнаесет години постоење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.