ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 ќе предаде повеќе од милион „бомби“ во операцијата „Бумеранг“
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2023
БОКИ 13 ЌЕ ДОСТАВИ „БОМБИ“ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Во операцијата „Бумеранг“ на Боки 13, повеќе од еден милион „бомби“ ќе бидат предадени кај обвинителот Ислам Абази.
МЛАДИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОСТАВИЈА ЛЕЖАЛКА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ФЗОМладите од ВМРО-ДПМНЕ му спремија пакетче на директорот на ФЗО.
Го критикуваат директорот дека заминал на одмор додека системот со податоци беше хакиран, а лекарите не можеа да земат плати.
БИК БРКАЛ СОПРУЖНИЦИ И ГО ОШТЕТИЛ НИВНОТО ВОЗИЛО
Бик бркал сопружници во село близу Делчево, по што тие го пријавиле настанот во полиција, а најавија и тужби.
„Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава“, се наведува во пријавата поднесена до делчевската полиција.
Се јави газдата на бикот кој нападна брачен пар и оштети автомобил.