18 Декември, 2025
0.0641

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија ќе испорача струја за Македонија, а Мицкоски го објави референдумското прашање

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2022 21:08

Добивај вести на Viber

БУГАРИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија оствари средба со привремениот претседател на бугарската влада Галаб Донев по што беше потврдено дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството.

Бугарија е земја-извозник на електрична енергија, а увозот ќе започне во последниот квартал од годината и ќе трае до 31 март.

Ковачевски и Донев рекоа дека од среда ќе се формира работна група која за две недели треба да ја утврди цената, количеството и другите технички аспекти.

МИЦКОСКИ ГО ОБЈАВИ РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го усвои референдумското прашање кое ќе гласи:

„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“

На прес конференција лидерот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција во ЕУ, но не поддржува асимилација и идентитетско обезличување.

КОВАЧЕВСКИ ОЧЕКУВА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО 2030 ГОДИНА

Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, информира премиерот Димитар Ковачевски.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен процес. Тој упати апел за општествен консензус за постигнување на напредок кон ЕУ, како и повик до опозицијата да учествува, да го поддржи и помогне процесот.

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДЕНИС ТОТ

На денешното, прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

– Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.Дополни дека како резултат на повредите и настанатата траума на главата дошло до пореметување и прекин на мозочните неурони кое резултирало со смртен исход на 8 април 2022 година во 11:40 часот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На почетокот на новава учебна година четири генерации ученици се без потребните учебници бидејќи надлежните досега не успејаа да ги испечатат. Без книги се учениците од прво, второ, четврто и петто одделение. 

Дури шест од седум банки кои се предмет на анализата имаат поголеми вкупни приходи во споредба со истиот период лани и покрај тоа што живееме во пост – ковид криза засилена со негативни и инфлаторни влијанија поради растечките цени на енергенсите. Просто за банките „нема зима“ и добро е што е така без разлика колку тоа чини

Изминатиов период имавме невреме во повеќе региони во Македонија, а при грмотевици важно е да знаеме како да се заштитиме од удар на гром. 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска при посета на Македонскиот културно-информативен центар во Софија по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев рече дека Македонија нема складишта за гас, но дека Бугарија ќе отстапи свои за таа намена. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција