29 Септември, 2023
0.0305

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски политичари ја обвинија Чернева дека шпионирала за Македонија, Османи вели со неа имале тешки преговори

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА ЧЕРНЕВА ШПИОНИРАЛА ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНИЈА

Советничката на екс бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева е под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје. 

Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија.

Од партијата „Преродба“ поставија повеќе прашања на оваа тема до шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание. 

Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, рече дека тоа се чувствителни информации. 

ОСМАНИ ВЕЛИ СО ЧЕРНЕВА ИМАЛЕ НАЈТЕШКИ РАЗГОВОРИ

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека во разговорите со Весела Чернева, која беше советничка на екс бугарскиот премиер Кирил петков е направен најмал исчекор во македонско - бугарските односи.

На бугарската политичка сцена има сериозни обвинувања дека таа шпионирала во корист на Македонија. 

СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ДАДЕ ЗАКЛЕТВА

Барлет Џафери, синот на собранискиот претседател Талат Џафери, денеска даде свечена заклетва откако беше избран за нов обвинител во Гостивар откако претходно ја доби дипломата од Академијата за обвинители и судии. На чинот присуствуваше и Албулена Абази, новата обвинителка во Кичево и сопруга на Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Изјавувам и се колнам дека во вршење на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувана согласно Уставот, дека функцијата ќе ја вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на другите правни субјекти“ звучеше заклетвата која што утрово, облечени во тога, во Советот на јавни обвинители дадоа 10 нови обвинители од последната генерација што ја заврши Академијата за судии и јавни обвинители.

ФЕТА АЛИМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР

Денеска завршува затворската казна за поранешниот обезбедувач на Собранието, Абдилфета Алими, лицето кое на 27 април 2017 година го спаси претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, од насилните демонстранти, но и ги предаде клучевите за да се отворат портите од Собранието.

Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што им фи даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија главните порти на Собрание и им овозможија на насилните демонстранти да влезат во Собранието.

AРСОВСКА ГИ ИСКАРА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ

Коалицијата ДПМНЕ - СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврт пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На денешната седница на советот,таа истакна дека "само поради антинародната коалиција ДПМНЕ - СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси."

ПРВИ САНКЦИИ ЗА ПРИШТИНА

По неколку тензични денови, САД имаат две барања за Косово. 

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД имаат две барања од Владата на Косово, а тоа е да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и полицајците да се повлечат од трите општински згради на северот.

„Не разбираме зошто алтернативните локации или други јавни згради не можат да се користат за извршување на нивните функции“, рече Ховениер.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, кој во моментов е и директор на шпедитерската компанија „Фершпед“, ќе бидат нови членови на Одборот на директори на „Лотарија на Македонија“.

Вчера преку берзанска блок трансакција беа продадени 15,9 проценти од акциите на „Жито полог“ од Тетово.

Македонија била и останува да биде земја со значаен број градежни компании кои придонесуваат пристојно во националната економија. 

Македонија губи грубо околу 60 проценти од водата. Нивото на загуби на вода се движи од 55 до 67 проценти, а дополнително се уште има региони каде не е обезбеден пристап до безбедна вода за пиење.

Можеби ќе ве интересира

РАШЕЛА МИЗРАХИ ЌЕ РАКОВОДИ СО АНКЕТНАТА КОМИСИЈА - пратениците ќе го истражуваат скандалот на Онкологија

РАШЕЛА МИЗРАХИ ЌЕ РАКОВОДИ СО АНКЕТНАТА КОМИСИЈА - пратениците ќе го истражуваат скандалот на Онкологија

МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!

МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!

ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА - вродија ли со плод повиците за сплотеност

ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА - вродија ли со плод повиците за сплотеност

„СОСЕДИ ПОМАГАЈТЕ, НИ ФАЛАТ ЖАРДИНИЕРИ, ВЕ МОЛИМЕ ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГИ НАЈДЕМЕ“: Шанса за центар со видео против тврдењата на општинските власти

„СОСЕДИ ПОМАГАЈТЕ, НИ ФАЛАТ ЖАРДИНИЕРИ, ВЕ МОЛИМЕ ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГИ НАЈДЕМЕ“: Шанса за центар со видео против тврдењата на општинските власти

И ВО ОКТОМВРИ НЕ ЧЕКААТ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ги деталите

И ВО ОКТОМВРИ НЕ ЧЕКААТ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ги деталите

КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

„СОНОТ НА ЕДНО НАЦИОНАЛИСТЧЕ КОЕ СИ НАПРАВИ МАФИЈАШКА ДРЖАВА“: Најчевска распали за Груби и најавата дека пруга кон Драч е приоритет

„СОНОТ НА ЕДНО НАЦИОНАЛИСТЧЕ КОЕ СИ НАПРАВИ МАФИЈАШКА ДРЖАВА“: Најчевска распали за Груби и најавата дека пруга кон Драч е приоритет

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА СЕДИ ВО ОВА ДНО ОД ПАРЛАМЕНТ, ИМ ДАВААТ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ШВЕРЦЕРСКИ ЗАКОНИ: Ванковска распали за Маричиќ и скандалот со пратеничката Дафина

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА СЕДИ ВО ОВА ДНО ОД ПАРЛАМЕНТ, ИМ ДАВААТ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ШВЕРЦЕРСКИ ЗАКОНИ: Ванковска распали за Маричиќ и скандалот со пратеничката Дафина

СЕ ОГЛАСИ Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО БИТОЛА: Мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на леукемија

СЕ ОГЛАСИ Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА СМРТТА НА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ ВО БИТОЛА: Мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на леукемија