ФАКТОР НА ДЕНОТ: Датум за избори уште нема, а мерките полека ќе олабавуваат
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Мај, 2020 20:19
НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕ Е ДОГОВОРЕН ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ
По завршување на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека најважно е здравјето на граѓаните.
Вели дека е незрело да се размислува поинаку.
„Предложивме план да дојдеме до кредибилен изборен процес, а при тоа граѓаните да не бидат загрозени и да не бидат изложени на Ковид 19. Предложивме план во неколку чекори“, вели тој.
Вели дека треба да има фер избори, да има консултации со ДИК и со Комисијата за заразни болести.
Да има контакт со ОБСЕ и ОДИХР, и откако ова ќе се случи да се зборува за датум на изборите.
Мицкоски рече дека овој план е прифатен од повеќето и идната недела се надева дека ќе има детали.Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба изјави дека се исцрпени сите можности за да се свика Собранието.
Вели дека барем еден важен ден денеска е заокружен.
Ги разгледале опциите кога ќе имаме избори ако се прогласи или не се прогласи повторно вонредна состојба.
Заев рече дека нема поважна работа од здравјето на граѓаните.
„Сите се согласивме дека ќе мора да живееме со коронавирусот, затоа што ниту во светот, ниту во Европа, ниту во Северна Македонија никој не може да каже кога ќе заврши коронавирусот“, вели Заев.
Лидерот на СДСМ рече дека барале барем да се утврди потенцијален датум за избори.ОЛЕСНУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ЌЕ ОДИ ВО ФАЗИ
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека донеле пакет мерки, со што се намалуваат рестрикциите.
„Сметаме дека ситуацијата е под контрола, не дозволивме ширење на коронавирусот кој посериозно би го загрозил здравјето на граѓаните“, вели тој.
Спасовски изјави дека меѓу секоја фаза ќе има преглед и проценка на ситуацијата, по што ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките.
Олабавувањето ќе оди во три фази, така што ќе работат стопанските дејност, и постепено ќе се намалува забраната за движење.
Работата ќе тече по протоколи и мерки, и третата фаза значи потполно враќање во работниот процес.
Во првата недела, од утре ќе има посебни протоколи за дејности со помал ризик. Ќе работат авто-школите, ќе може да се организираат семинари.
Настаните ќе се организираат со ограничен број учесници, за да има физичко растојание од 1.5 до 2 метри, а ќе мора и да се носат маски. Средствата за дезинфекција ќе бидат задолжителни.ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ
Почна исплатата од МојДДВ за првото тримесечје од 2020 година.
Исплатата за јануари, февруари и март 2020, во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе почната.
Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, велат од Управата за јавни приходи.
Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.
Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради пандемијата на Ковид 19, ова лето неизвесно е на кој начин ќе се организираат летните одмори и патувања во странство, затоа што некои земји веќе најавија дека ќе примаат гости само со направен корона тест или со задолжителен здравствен пасош.
Во македонските туристички центри мислењата се поделени.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





