ФАКТОР НА ДЕНОТ: Делта сојот e присутен во Македонија, заразените не биле вакцинирани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Јули, 2021 20:56
ДЕЛТА СОЈОТ Е ПРИСУТЕН ВО МАКЕДОНИЈА
Во Македонија по трите случани на заразени со делта варијантата, потврден е и четвртиот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство. Вели дека станува збор за пациент кој е хоспитализиран во болницата во Велес и пациентот е со лесна клиничка слика. Истовремено, вели министерот, се чекаат резултати за уште четири пациенти.
-Тие се лекуваат тука во Скопје, само еден од четворицата има потешка клиничка форма и е на респраторна машина. Се прави скрининг на тестовите и секаде каде што скринингот нема да покаже дека станува збор за британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди евентуално индискиот сој и резултатите ќе треба да ги имаме вечерва за овие четири пациенти, рече Филипче.Индискиот или делта сој на коронавирусот побрзо се шири од другите соеви.
ДЕНЕС ИМА 16 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.ДУИ БАРА ДА СЕ УСОГЛАСИ ТЕКСТОТ НА РЕЗОЛУЦИЈАТА
Партиите на Албанците имаат забелешки за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија.
Од ДУИ велат дека оваа Резолуција треба детално да се разгледа и секоја тенденција за дефокусирање од процесот на интеграција, нема да ја има нивната поддршка.
„Сметаме дека е потребно да се усогласи текстот на Резолуцијата со сите парламентарни политички партии и да се осигура дека таа нема да му наштети на нашиот пат кон ЕУ“, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.
Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците вели дека интеграциските процеси во никој случај не треба да бидат прекинати, но и дека треба со сите земји и со Бугарија да имаме партнерски односи.ЗАМРЗНАТА Е СМЕТКАТА НА РАШКОВСКИ И ИМОТОТ НА НЕГОВИТЕ ДЕЦА
Судот ја замрзна сметката на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Од ОЈО за организиран криминал кажуваат дека Кривичен суд постапил по нивното барање, но не даваат иницијали и не кажуваат за кој предмет станува збор, туку само информирфаат дека е замрзнат имотот на лице кое се сомничи за злоупотреби при јавни набавки.
Сепак, од известувањето се насетува дека станува збоир за Рашковски, кој го префрли својот имот на две малолетни деца.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





