24 Ноември, 2024
0.0269

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес нема олеснување на мерките, нови 22 заразени со Ковид 19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС НЕМА ОЛЕСНУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ

Комисијата за заразни болести ниту денеска не донесе одлука за олабавување на мерките за заштита од коронавирусот, односно олеснителни препораки за започнување со работа на одредени дејности, откако денеска беа регистрирани 22 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа.

Според некои неофицијални информации, Владата нема скоро да го ослободи работењето на моловите, обложувалниците и угостителските објекти. Требаше да биде донесена и одлука од денеска да почне и скрининг на населението за откривање на асимптоматските случаи, што го најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Комисијата за болести сè уште не разговарала за олеснување на мерките за штедење. Според изворите на Алсат во рамките на комисијата, големиот број заразени лица денес ја натера Комисијата да го одложи олеснувањето на мерките. 

Следната средба е утре.

НОВИ 22 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАЖНИ МЕЈЛОВИ

Еден од вашите контакти е Ковид-19 позитивни. Мејл со ваков наслов денеска добиле некои граѓани. На мејлот стои потпис од извесна Јовановска од Министерството за здравство. Иако веднаш наликува дека е лажен, сепак министерот за здравство Венко Филипче објави на твитер дека содржината од овој мејл е невистинита. 

Вели дека ги известиле во МВР.

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ СЕ НАЛУТИ НА НИНА АНГЕЛОВСКА

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), остро се спротивставува на личните ставови на Министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, а кои се однесуваат за кратење на платата на јавната администрација, кои се нејасни и создаваат забуна во јавноста. Ова го нагласи синдикатот, во своето соопштение до јавноста. 

„Можеби некој требал да ја подучи министерката дека како носител на јавна функција и тоа една од најодговорните во државата, личните ставови да си ги чува за себе. Или пак, тоа не се нејзини лични ставови, туку ставови на одредени лица од бизнис заедницата кои неосновано атакуваат врз администрацијата и упорно ја пласираат идејата дека ако не се скратат платите на администрацијата, на економијата во државата и нема спас“, велат од УПОЗ.

Според нив, ваквите неодмерени изјави на министерката за финансии покажуваат основно непознавање за тоа што е јавна администрација, а што јавен сектор и за тоа колкав е износот на платите во администрацијата.

ПРАВЕЛ ОНЛАЈН КОНЦЕРТ, ПО ШТО СОСЕДОТ ГО ПРОБОЛ ВО РАКАТА

Сакал да помогне и да направи хуманитарен онлајн концерт, но бил прободен во раката со нож од сосед кому му пречела музиката. 

Ова му се случило на битолскиот музичар Пеце Петровски, кој има 29 години. Тој викендов, во саботата вечерта, добил убод од нож во пределот на раката, а тоа му го сторил негов сосед, бидејќи му пречела музиката за време на онлајн концертот кој Петровски го пренесувал на социјалните мрежи.

Ова свое непријатно искуство музичарот Петровски го сподели и на социјалната мрежа фејсбук. 

ПОСКАПЕА ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на бензините ќе бидат: 54 денари за „евросупер БС-95“ и 56 денари за „евросупер БС-98“, додека дизелот ќе се продава за 45,5 денари за литар.

Претседателот на РКЕ, Марко Бисломовски изјави дека во текот на изминатата недела цените на сите нафтени деривати е зголемена дури и за 50 отсто.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија од 18 март е во вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, а во меѓувреме бракови се склучуваат во матично при што мора да се почитуваат мерките за заштита.

Маските и ракавиците се задолжителни.

Порасна јавниот долг на земјава. На крајот на првиот квартал од годинава тој ја надмина психолошката граница од 50 проценти од БДП и достигна 50,7 отсто, говорат најновите податоци за состојбата на долгот што ги објави Министерството за финансии.

Минатата година земјава ја заврши со јавен долг од 48,9 отсто.

„Македонијатурист“ втора година по ред не е најголема хотелиерска компанија според остварен приход. 

Нејзиниот конкурент „Хотел Гранд М“ со само еден хотел две години по ред прави поголем приход од петте хотели на „Македонијатурист“.

Пад на макеоднскиот БДП од пет проценти годинава, намалување на трошоците за живот односно дефлација од еден процент и раст на невработеноста до 21 отсто годинава предвидува Виенскиот институт за меѓународни економски студии. 

Д-р. Љубен Арсенков, субспецијалист по дигестивна хирургија, од јануари е прв човек во Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје. Назначен е за в.д. директор на 17. јануари годинава. 

Во изминативе три месеци, кога земјава почна да се справува со пандемијата на корона вирусот, кај народот позната како стара Градска болница, оваа здравствена установа, иако директно не е вклучена во згрижување и третман на пациенти заразени со Ковид-19, успешно се справува со многубројните предизвици.

Бизнисмените барем досега не покажуваат посебен интерес за донирање во солидарниот фонд на Владата преку посебна наменска сметка за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија