30 Септември, 2024
0.0363

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитров кажа дека нема целосна доверба во Османи, оваа изјава поттикна лавина реакции

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ИЗЈАВАТА НА ДИМИТРОВ ПОТТИКНА МНОГУ РЕАКЦИИ

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров отворено изјави дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, подвлекувајќи дека неговите напори да успее во преговарачкиот процес не само што се погрешни, туку и опасни.

„Немам целосна доверба во министерост за надворешни. Имам впечаток дека таму има еден драјв за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. Се надевам дека грешам, но моја граѓанска должност, како човек кој со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот“, рече Димитров

Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР.
Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, наведува Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев на денеска изнесените ставови на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димиров.

Бујар Османи, министерот за надворешни работи реагираше попладнево на прес конференцијата на Никола Димитров, актуелниот вицепремиер вооставка кој рече дека не му верува на министерот вооднос на преговорите со Бугарија. Османи елаборира за тоа како се водат преговорите. 

„Преговорите на техничко ниво ги водат работни групи во кои членуваат искусни дипломати од Министерството за надворешни работи. Тие реферираат пред Министерот за надворешни работи, но воедно тие настапуваат согласно стекнатите знаења и искуство во нивната децениска работа во куќата, секако застапувајќи ги државните стратешки интереси утврдени од страна на Владата и целиот државен врв.

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавите на екс министерот за надворешни работи и екс вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, кој кажа дека нема целосна доверба во актуелниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи. 

Од партијата порачаа да не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на злобната Бугарија, туку како што велат тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. 

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Повторно се стресе Грција, а со тоа и Македонија. Вечерва е регистриран земјотрес на територија на Грција со јачина од 2,8 степени. 

Епицентарот на земјотресот e во општина Суровичево, во близина на градот Лерин, на длабочина од 2 километри. Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија.

Веќе неколку дена има земјотреси во јужниот дел на Македонија. 

Се тресеше и Скопје. 

И ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19, и тоа Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар  – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пазарот наметнува дилема: нова тенденција или позната инерција? Цените на нашите премиум акции растат на почеток на година, достигнуваат годишни рекорди. Тие што вложуваат на овие цени со мали истргувани количини се блефери и трејдери? 

Рекорден раст на цените на недвижнините во последното тромесечје. Становите поскапеле за дури 11,2 процентни поени на годишно ниво. Ваков раст не е регистриран во последната деценија, односно од бумот во 2009 година. 

Граѓаните треба да знаат како да реагираат и да се заштитат во случај на земјотрес, без разлика дали се дома, надвор или во автомобил.

Документ од 55 страници, со прецизни поглавја и цели кои треба да се остварат во одредени рокови. Вака изгледа финалната верзија на владината програма на која новиот мандатар Димитар Ковачевски деновиве сериозно работел да ја скрои на начин, со кој треба да ги убеди народните избраници дека ќе работи за доброто на граѓаните и државата.

Покрај бројните други планови наведени во програмата на мандатарот Димитар Ковачевски, која тој пртед народните избраници ќе ја брани веќе во сабота, тој најавува и легализација на канабисот. 

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО