27 Јули, 2024
0.1752

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дојави за бомби имаше во Кавадарци, откриен е и малолетник кој испраќал заканувачки пораки

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ИМАШЕ И ВО КАВАДАРЦИ

Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта во Кавадарци, евакуирани се учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

МАЛОЛЕТНИК СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Денеска Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.

„Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни  училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта“, се вели во соопштението од МВР.

ДАМЕВА ВЕЛИ НЕМА ДА ИМА МЕСТО ЗА НИТУ ЕДЕН КОРУМПИРАН СУДИЈА

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

БЛОКАДИ ВО СКОПЈЕ

Еден од главните булевари, кој води кон зградата на владата,и денеска е делумно блокиран од приватните превозници. Автобусите беа паркирани и пред градското собрание и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска на која поревозниците се најмногу гневни..

МНР СЕ АНГАЖИРА ЗА ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МАЈА

Македонското Министерство за надворешни работи попладнево информираше дека веднаш по по добиените информации за почината Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

-Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Неодамна израелската компанија NextFerm најави нова балканска фабрика која ќе произведува ферментиран протеин, односно објави стратешки производствен договор со подизведувач во балканскиот регион за производство на ProteVin. 

Македонските граѓани се повеќе се ориентираат кон купување на нови автомобили, наспроти „јагмата“ за набавка на стари користени возила, која владееше во речиси целата претходна декада.

Домашната економија забавува. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека по солидниот втор квартал, во третиот квартал економскиот раст достигнал два проценти.

Рибарски брод помага да се soберат лососи во област за одгледување риби во Кингдао, источнокинеска провинција Шандонг

Изучување на странски јазици oнлајн, совладување на нови ИТ вештини или нешто друго може да ви помогне полесно да најдете работа.

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработи во фабрика во Турција, на 14 ноември тргна со специјален камионски транспорт кон Битола, но се уште е во земјата на потекло.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август