ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ најави изненадување, Заев вели дека тоа ќе биде добра работа за државата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2021 19:41
ДУИ НАЈАВИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Владеачката партија ДУИ вчера во Липково ја започна постапката за избор на кандидати за градоначалници, но и за советници на годинешниве локални избори, а лидерот Али Ахмети најави име кое ќе биде „големо изненадување“ на 5 јуни.
Шпекулациите одат до таму дека в сабота кога ќе се прославува роденденот на ДУИ за градоначалник на Скопје заедно со СДСМ ќе биде номиниран кандидат Албанец.
„На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, најави вчера Ахмети во Липково.ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ТОА ЌЕ БИДЕ ДОБРА РАБОТА ЗА ДРЖАВАТА
Премиерот Зоран Заев на денешниот настан на Клиниката за торакална хирургија, паршан дали ќе поддржат градоначалник на Скопје од редовите на ДУИ, истакна дека тоа ќе го соопшти коалициониот партнер во сабота. Единствено што откри е тоа дека станува за нешто што ќе биде добро за државата.
-Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата. ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава е затоа што е во целосна корелација на работењето на Владата, убава е затоа што е модерна, соодветна на 21 век, мене ме бендисува што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Ќе оставам тоа да го соопшти ДУИ тоа е нивна агенда, споделена со нас нормално. Верувам сето тоа е во духот на унапредувањето на севкупниот политички амбиент во државата.ДЕНЕС ИМА 19 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.
Регистрирани се 26 оздравени пациент од:
Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.МОЖНО Е НОВО ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ
Министерот за здравство, Венко Филипче во однос на олабавување на рестриктивните анти-ковид мерки денеска истакна дека следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15.јуни и тогаш, како што рече е можно да препорачаат укинување на некои мерки.
– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15. јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, ако продолжиме со ваков тренд, еве денеска имаме навистина убава вест, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, тука пред се мислам на полицискиот час и за некои организирања на настани, нагласи министерот Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





