27 Јули, 2024
0.0420

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џамбаски пак повтори дека Македонија била бугарска, а Радев бара да се стави крај на омразата во Македонија

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

ЏАМБАСКИ МУ ОДГОВОРИ НА ПЕНДАРОВСКИ

Европратеникот Ангел Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар  во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска.

„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“, пишува Џамбаски.

Пендаровски вчера соопшти дека ќе предложи до Владата Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во Македонија. На листата на непожелни личности на кои би им бил забранет влезот во земјата би можеле да се најдат и други бугарски државјани, за кои постојат сомневања дека се поврзани со руската разузнавачка служба. 

РАДЕВ БАРА ДА ЗАПРЕ ОМРАЗАТА КОН  БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев денеска со нови укажувања за нашата земја поврзани со најавите за забрана за влез во земајва, но без осуда на изјавата на Европратеникот Ангел Џамбаски.

- Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања - рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.

Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.

Уште еден бугарски клуб ќе се отвори во Македонија и тоа во Куманово. 

КИЕВ ДОБИВА ТЕНКОВИ ОД ГЕРМАНИЈА

Германија ќе ја овласти Полска да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, пишува Блумберг повикувајќи се на добро информирани извори. Германските лидери се очекува утре да и дадат дозвола на Полска да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Да потсетиме, станува збор за модерни тенкови од германско производство, за чиј реекспорт е потребно германско одобрение.

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак денеска објави дека испораката на германски тенкови е неопходна за обновување на границите на нацијата и ја опиша намерата на Германија како силна поддршка за Украина.

- Неколку стотици тенкови за нашите тенковски екипажи - најдобрите тенковски екипи во светот. Ова ќе стане вистинска тупаница на демократијата против автократијата од мочуриштето - напиша Јермак на Телеграма веднаш откако германскиот неделник „Шпигел“ објави дека Берлин ќе одобри испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Германскиот неделник наведува дека постои можност САД да испорачаат тенкови Абрамс, пренесува Ројтерс.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зачестуваат укажувањата од граѓаните до нашата редакција за зголемување на објектите кои работат во недела, што е особено забележително во последните недели. Граѓаните до „Фактор“ пишуваат дека во својата околина се почесто забележуваат малски дуќани кои работат и во недела, а се зголемува и бројот на пекари кои се отворени во недела.

Во последниве неколку месеци светот го тресат сериозни отпуштања од големите технолошки компании. Според она што го јавуваат светските медиуми, минатата година од тој сектор без работа останаа речиси 100.000 луѓе, но бранот, се чини, нема тука да запре.Во последнивенеколку месеци, технолошките компании отпуштија илјадници вработени, почнувајќи од Мета и Твитер, преку Амазон, Мајкрософт, Гугл...

Бројни анкети кои се правени во земјава неколку години по ред, покажуваат дека македонските граѓани најмногу сакаат да работат во државен сектор.

Речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија го креира увозот на фосилни горива! Вредноста на увозот на дизел, бензин, мазут, керозин создава речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија. Еден предизвик за домашните макроеномисти!

Владата ги објави платите на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата, покрај оние кои досега беа познати како надворешни советници.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август