26 Јуни, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Една година војна во Украина, Кина предлага како двете страни да дојдат до мир

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

И по цела година беспоштедно крвопролевање, Киев и Москва се убедене во своја победа. Украинскиот претседател Володомир зеленски се обрати до јавноста нагласувајќи дека Украинците на крајот ќе победат.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников откри кои се плановите на Украина за бојното поле. 

Вели дека украинските вооружени сили подготвуваат планови за истиснување на руските сили од Украина. 

„Пред една година ни беше тешко да дојдеме до сериозно оружје. Денес, цивилизираните земји гледаат дека вие сте штитот на Европа на исток. Ќе има контраофанзива. Работиме напорно да ја подготвиме“, додаде Резников. 

КИНА ПРЕДЛАГА МИРОВЕН ПЛАН

Русија сака да ги шири своите граници. На една година од почетокот на руската инвазија на Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев говори за поместувањето на границите. 

Медведев вели дека единствениот начин Москва „да обезбеди траен мир“ е поместување на своите граници што е можно подалеку. Кажа дека сакаат да одат до границите на Полска. Тврди дека ќе победат и дека потоа ќе има тешки преговори. 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва го цени кинескиот мировен план за Украина и дека Русија е подготвена да ги постигне целите на т.н. специјални доброволни операции „со политички и дипломатски средства“.

ЛАЗАРОВ Е РАЗОЧАРАН ШТО НОВИНАРИТЕ НЕ ГО ПОБАРАЛЕ ЗА СТАВ

Не ми е одземен пасошот, ниту ми е забранет јавен настап, вели јутјуберот Стефан Лазаров по скандалот со новинарот Драган Павловиќ Латас. 

Тој објасни дека деновиве не го барале новинари и затоа решил да се обрати преку јутјуб каналот. 

НАВРЕДИ ВО СОБРАНИЕТО

„Паднаа“ обвинувања дека премиерот Димитар Ковачевски навредил пратеничка за физичкиот изглед и таа бара извинување. 

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница од место го коментирал изгледот на пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата Скопски пазар лани оствари добивка од 1,7 милиони евра, што е зголемување за дури 57 отсто во однос на претходната 2021 година. Но, и покрај одличниот финансиски резултат што е остварен во текот на минатата година, Скопски пазар најавува до своите акционери дека дивиденда нема да се дели ниту сега, ниту во периодот од следните пет години, бидејќи претпријатието планира да инвестира, но и да ги отплатува своите кредити.

Комерцијална банка на своите акционери домашни физички лица на 4 мај ќе им исплати 7,74 милиони евра. Најдобитен акционер е градежната компанија „Адора Инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец. За него се резервирани повеќе од 2,5 милиони евра дивиденда!

Повеќе типови на недвижен имот, деловен простор, производствени капацитети, производствен погон за млеко и млечни  производи, но и многу станови и куќи се продаваат од страна на комерцијалните банки. Најголем дел од имотите се продаваат поради неуспехот на нивните сопственици навреме да ги вратат земените кредити во одредена банка, па имотите биле преземени на основ на долгови.

„Стопанска банка Битола“ минатата година ја заврши со раст на нето приходите од камати, благ раст на кредитирањето, значајно зголемено вложување во државни обврзници и што е најважно за акционерите – со добивка од речиси половина милион евра

Компанијата Скопски пазар лани оствари добивка од 1,7 милиони евра, што е зголемување за дури 57 отсто во однос на претходната 2021 година. Но, и покрај одличниот финансиски резултат што е остварен во текот на минатата година, Скопски пазар најавува до своите акционери дека дивиденда нема да се дели ниту сега, ниту во периодот од следните пет години, бидејќи претпријатието планира да инвестира, но и да ги отплатува своите кредити.

По точно четири години откако за време на неговото министерување Венко Филипче најави дека дејноста на медицинските сестри ќе се стави во закон, сега веќе е изготвен нацрт-законот за медицински сестри и акушерки.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“