ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕУ ја отстрани Македонија од листата на безбедни земји, а вечерва пристигнуваат бегалци од Авганистан
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Август, 2021 20:24
ЕУ ЈА ТРГНА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИСТАТА НА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ
Европската Унија ја отстрани Македонија од листата безбедни земји чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во блокот поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Од листата се тргнати и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора, објави Ројтерс.
Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање за коронавирус и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила. Таканаречената листа на безбедни земји, на која се најде и Македонија, беше усвоена од Брисел на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави.
Сепак, листата е подложна на промени врз основа на ситуацијата со коронавирусот во секоја држава.ПРИСТИГНУВААТ ДЕЛ ОД БЕГАЛЦИТЕ
Вечерва на аеродромот во Скопје ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан.
Како што соопштија пред малку од Владата, во тек е акредитација на новинарски екипи кои сакаат да го проследат настанот. Засега не се наведува колку лица ќе дојдат. Според последните информации до Македонија се пристигнати околу 800 барања за овозможување на привремен престој за граѓани од таа земја.НОВИ 32 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2, Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар - 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).ЈАНЧЕВ ДОБИ ПОДДРШКА ОД ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави кандидатите на нивната коалиција за уште десет општини, односно за Ресен, Крушево, Делчево, Василево, Дебарца, Ново Село, Ранковце, Зрновци, Кратово…
Она што јавноста најмногу го очекуваше, е потврдата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, кој имаше недоразбирања со партијата, но сепак реши да ја побара нејзината поддршка, а таа дурио денеска соопштува дека одлучила да му ја одобри.
Еве со кои други ксандидати ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на претстојното изборно соочување. Во Ресен ќе се тркаат со Јован Тозиовски, во Крушево со Билјана Проеска, во Делчево со Николчо Стојменовски, во Ранковце со Борче Спасовски, во Ново Село со Ѓорѓе Божинов, во Василево Славе Андонов, во Дебарца со Саше Силјаноски, во Зрновци со Борчо Коцев, а во Кратово со Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер





