17 Декември, 2025
0.0798

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Франција уверува дека предлогот не е против македонските интереси, во земјава реакциите не стивнуваат

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 21:28

Добивај вести на Viber

ФРАНЦИЈА УВЕРУВА ДЕКА ПРЕДЛОГОТ НЕ Е ПРОТИВ МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон вели дека нивниот предлог за кревање на бугарското вето не е спротивен на македонските интереси, но бугарските преокупации треба да се земат во предвид на внимателен начин. 

Тој кажа дека засега не може да изнесе детали за предлогот, затоа што е политички процес за кој уште се разговара. Сепак вели дека преговарачката рамка не е местото каде што треба да се одвиваат билатералните преговори.

„Отфрлам дека ова би било против интересите на Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, рече Бон. 

Во Македонија власта засега не го коментира предлогот, но ВМРО-ДПМНЕ бара да го отфрлат предлогот затоа што е уцена и според нив бугаризација на рати. Левица исто така е против предлогот. 

БРОЈНИ РЕАКЦИИ ЗА ПРЕДЛОГОТ

Левица ја повика власта да ги прекине преговорите со Бугарија. 


Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски се заблагодари на Франција и го отфрли францускиот предлог. 

Поранешниот шеф на дипломатијата и поранешен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров во Топ тема на Телма изјави дека со овој предлог не ги ни започнуваме формално преговорите со ЕУ. 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со отворено писмо на социјалните мрежи го прашува македонскиот премиер Димитар Ковачевски зошто уште нема информации за францускиот предлог, за кој има бројни реакции во јавноста. 

ССМ ЌЕ ПОЧНЕ СО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Од утре почнува генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор.

„Ве информираме дека Сојузот на синдикатите на Македонија на 22.06.2022 година започнува генерален штрајк во јавниот сектор, со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) и тоа: • за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 отсто од вработените во јавен сектор •

БУГАРСКАТА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА, НО НЕ И ИМЕТО

Бугарската ја призна македонската црква, но не и името. 

Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Maкедонија, но ја одложи одлуката за името.

„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеји српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, стои во соопштението. 

ЦУК И ПОЛИЦИЈАТА СПАСИЈА ИЗГУБЕНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Спасени се изгубени и дехидрирани велосипедисти во предел после селото Кожле. 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени двајца велосипедисти, многу дехидрирани и снеможени кога се пронајдени во суровиот предел без вода, коишто после скопското село Кожле, залутале во пределот по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Животот се тркала и тоа е реалноста. Македонскиот пазар на нафтени деривати лани конзумирал дизел, бензин, метан, керозин, мазут и ТНГ вредни повеќе од половина милијарда евра.

Идејата за формирање Агенција за безбедност на сообраќајот ги добива своите „контури“. Нацрт законот за основање Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата (АБСП) е направен и поставен на платформата „ЕНЕР“. Со ова се отвора патот кон формирање на Агенцијата која министерот Бочварски ја најави како модел кој ќе придонесе да се подобри безбедноста на патиштата во земајва.

Пандемијата на корона вирусот се уште не е завршена, иако бројките на новозаразени со Ковид 19 даваат надеж дека епидемиолошката состојба е мирна и стабилна и нема оптоварувања на здравствените системи насекаде во светот. 

Сергиј Толстихин, украински експерт за развој на туризмот во заедницата, и велосипедист кој на велосипед поминал низ 31 земја,  вели дека руската инвазија на Украина која почна на 24 февруари, доведе до тоа туризмот во некои региони целосно да згасне, а некаде делумно да функционира. Сепак, војната ги затвори вратите за странските посетители.

Почна процесот на зголемување на банкарските камати, иако срамежливо, и иако засега тоа е случај само во делот на каматните стапки на депозитите.

Поранешната долгодишна директорка на домашната фабрика за чоколади и вафли „Европа“, Сава Димитрова, инаку претседател и независен член на Одборот на директори на Комерцијална банка, купила 100 обични акции на банката.

Можеби ќе ве интересира

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата