ФАКТОР НА ДЕНОТ: Францускиот предлог ја „бутна“ владината веб страница, ВМРО-ДПМНЕ за утре закажа протест
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022 21:15
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЈА „БУТНА“ ВЛАДИНАТА ВЕБ СТРАНИЦА
Францускиот предлог по се изгледа дека го бутна веб сајтот на Владата.
Откако премиерот Димитар Ковачевски во присуство на владините коалициони партнери одржа пресконференција на која рече дека веднаш по нејзиното завршување францускиот предлог ќе биде ставен на владината веб страница, таа веќе не може да биде отворена.
Причина е големиот интерес кај сите чинители во опшетството да прочитаат што содржи овој предлог за кој Владата вели дека е добра основа.
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека новбиот предлог ќе значи целосно прифаќање на македонскиот јазик и протоколот нема да биде вклучен во преговарачката рамка.
Ковачевски рече дека предлогот ги задоволува македонските црвени линии, а ќе биде транспарентно објавен.КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ОВА Е ЕВРОПСКИ ПРЕДЛОГ
Францускиот предлог ги содржи нашите барања, рече премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, која се одржа после пресконференцијата во Владата.
„Јас ова не го нарекувам француски предлог, туку тоа е европски предлог, затоа што го поддржаа и канцелрот Шолц, но и другите европски претставници“, нагласи премиерот.
Ковачевски рече дека овој предлог следува после петмесечни тешки преговори, во кои учествуваа и вицепремиерот Маричиќ и министерот за надворешни работи, Османи, а кои се одвиваа двонасочно, и со бугарската страна, но и со бранење на нашите позиции во Европскиот совет и Европската комисија.
Ковачевски се надева дека сите чинители во земјава ќе бидат на висината на задачата, и со ладни глави, одговорно и државнички, ќе дискутираат за предлогот. Владините коалициони партнери имале позитивни ставови за предлогот, но за него ќе одлучат партиите, вклучително и СДСМ, кој, како што рече премиерот, има 84 илјади членови.ВМРО - ДПМНЕ И ЛЕВИЦА ПОВИКАА НА ПРОТЕСТ
Новиот француски предлог ги содржи сите бугарски барања - и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот, оцени Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Владата го објави модифицираниот предлог, но истиот се уште е недостапен за јавноста, затоа што веб-страницата е падната.
Според претседателот на најголемата опозициска партија, прифаќањето на предлогот подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а децата ќе учат според бугарскиот диктат.И политичката партија Левица го повика народот на протести. Велат дека францускиот предлог, кој власта претходно го одби, а сега го прифаќа, ги содржи сите негаторски бугарски барања.
„Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување - само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик! Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка - Бугарија ќе ја пишува македонската историја! Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја - ЕУ не става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите!“, реагира Левица.ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА
Група граѓани попладнево се собраа пред Владата за да го искажат револтот од модифицираниот француски предлог.
Пееја „Едно име имаме“ и извикуваа „Оставка“ и „Таче ти си предавник“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Растат каматите по кои се задолжува државата на домашниот пазар преку државни обврзници.
Ако пред месец и половина беше издадена државна обврзница без девизна клаузула, со каматна стапка од 3,1 отсто, неодамна државата издала два вида обврзници, а за кои ќе плаќа камати од 3,7 отсто и 3,5 проценти.Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




