04 Септември, 2024
0.0902

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гаши ја преживеа интерпелацијата, останува собраниски претседател

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

ГАШИ ОСТАНУВА СОБРАНИСКИ СПИКЕР

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на спикерот Африм Гаши.

Со 72 гласа против, и 21 за, Собранието вечерва не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од Левица.

На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, а претходно претставници на пратеничките групи од владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.

ЛЕВИЦА ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВАШЕ ГАШИ

Пратеникот Реџеп Исмаил од Левица денеска во Собранието, праша дали спикерот Африм Гаши како што постапил со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот, дали ќе испрати обезбедување ако утре дојде и српскиот политичар Александар Вулин. 

„Вие можете да бидете србофоби до бескрај, ама ако некој ви се спротивстави, обвинувате за албанофобија“, вели пратеникот. 

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов вели дека собранискиот спикер Африм Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички, наместо државнички.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАНУ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Вработените во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) бараат повисоки плати. Од раководството даваат поддршка. 

„Раководството на Македонската академија на науките и уметностите, како и досега така и сега, има разбирање и дава безрезервна поддршка и се грижи за решавање на горливиот долгогодишен проблем со ниските лични доходи на сите вработени во aкадемијата“, се вели во соопштението на МАНУ.

Вработените во секретаријатот и во стручните единици на МАНУ денеска стапија во штрајк.

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ ДЕКА ЕКС МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ТРОШЕЛА НАРОДНИ ПАРИ ЗА БРЕНДОВИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ денеска го продолжи серијалот „Бисера Антоанета“, а во денешната „епизода“ изнесе податоци според кои поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска купувала брендови во Саудиска Арабија со службени пари.

„Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија. Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2.000 долари и 900 евра“ рече денеска Лефков на прес-конференција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иле Костадиновски е поставен од раководството на АД ЕСМ за нов в.д директор на РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјата. 

Секој акционер во Македонски телеком, со исклучок на тие од сопствен откуп, за секоја негова акција ќе наплати 23 денари дивиденда. По доминантниот акционер, најдобитна е државата која од дивиденда и од данок на поделенета дивиденда ќе си наплати 16 милиони евра само од Македонски телеком

Градежно-рударската експлоатација во Македонија продолжува со купување на сепарации за песок и чакал, како и на каменоломи. Интерес од големите градежни компании има и за помали асфалтни бази. 

Цените на градежните материјали имаат многу мало намалување објави Државниот завод за статистика, но од друга страна има раст на трошоците за работниците во градежништвото. Иако во Македонија платите се ниски, сепак, градежниот сектор не покажува знаци на стагнација, ниту пак знаци за намалување на цените на недвижностите.

Со завршувањето на пандемијата на Ковид-19, многу граѓани во Македонија се соочуваат со продолжени последици врз менталното здравје.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Фрлени се 53 тони вода врз пожарот

(ВИДЕО) СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Фрлени се 53 тони вода врз пожарот

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Собранието не ја прифати интерпелацијата за Африм Гаши

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Собранието не ја прифати интерпелацијата за Африм Гаши

ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Каде гори во моментов?

ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Каде гори во моментов?

МАШИНАTA ИМ ЕКСПЛОДИРАЛА: Вработени во ЈП за државни патишта предизвикале пожар

МАШИНАTA ИМ ЕКСПЛОДИРАЛА: Вработени во ЈП за државни патишта предизвикале пожар

ЗНАМ НЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ГАШИ: Павле Арсовски објасни зошто заземале ваков став

ЗНАМ НЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ГАШИ: Павле Арсовски објасни зошто заземале ваков став

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода