03 Септември, 2024
0.0247

ЗНАМ НЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ГАШИ: Павле Арсовски објасни зошто заземале ваков став

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши, која ја поднесе политичката партија Левица. 

„Мнозинството во Парламентот останува обединето“, соопшти пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсовски. 

Арсовски се осврна на дел од наводите во интерпелацијата, за кои сметаат дека се вредни за дискусија како давањето заклетва при преземањето на функцијата прво на албански па на официјалниот македонски јазик 

„При давањето свечена изјава во Собрание, Движењето ЗНАМ смета дека дефинитивно е прекршен Уставот и како партија ја изрази својата загриженост преку ставот на претседателот Димитриевски и изјави на наши функционери, и во тој случај бевме доследни на тоа за што се залагавме“, рече Арсовски. 

За настанот за одбележување на годишнината од Сребреница, меѓу другото Арсовски посочи, дека претседателот на Собранието дал објаснување дека е сплет на надворешни околности, а за инцидентот со претседателката на Косово на меѓународниот аеродромот во Скопје, рече дека Гаши можел да постапи помудро да не се инволвира, но и дека не лоцираат во него лична одговорност. Движење ЗНАМ смета дека Гаши сепак требало да најде начин да не се инволвира и како што подвлече Арсовски, овој настан беше предмет на брза интерна истрага на МВР, која имаше експресна завршница со суспензија од работа и кривична пријава против припадникот на МВР.

„Грешки во работата се можни и ние како партија ЗНАМ сме ги апострофирале“, рече Арсовски.

Левица жестоко го критикуваше Гаши. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гаши ја преживеа интерпелацијата, останува собраниски претседател

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гаши ја преживеа интерпелацијата, останува собраниски претседател

(ВИДЕО) СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Фрлени се 53 тони вода врз пожарот

(ВИДЕО) СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Фрлени се 53 тони вода врз пожарот

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Собранието не ја прифати интерпелацијата за Африм Гаши

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Собранието не ја прифати интерпелацијата за Африм Гаши

ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Каде гори во моментов?

ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Каде гори во моментов?

МАШИНАTA ИМ ЕКСПЛОДИРАЛА: Вработени во ЈП за државни патишта предизвикале пожар

МАШИНАTA ИМ ЕКСПЛОДИРАЛА: Вработени во ЈП за државни патишта предизвикале пожар

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

ИСMAИЛ: Ако дојде Вулин, дали Гаши ќе го прати обезбедувањето?

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Вработените во МАНУ штрајкуваат

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода

(ФОТО+ВИДЕО) ОБЛАЦИ ОД ЧАД: Пожар има во Расадник во Кисела Вода