ФАКТОР НА ДЕНОТ: Го славиме Велигден, во Украина нема примирје, во Франција победи Макрон
Објавено во: Македонија 24 Април, 2022 21:34
ГО СЛАВИМЕ ВЕЛИГДЕН
Денеска е Велигден, празник што симболизира победа на животот над смртта.
Според евангелието, настанот се случил на гробот на Христос, а радосната вест на жените мироносници им ја соопштил архангелот Гаврил.
Според одлуката на Никејскиот собор (325 година), што го почитуваат сите православни цркви, Велигден се слави во првата недела на полната месечина по пролетната рамноденица, но секогаш по еврејската Пасха.ВО УКРАИНА НЕМА ПРИМИРЈЕ
Украина има предлог до Русија за велигденско примирје.
Михајло Подољак, советник на шефот на Претседателството на Украина, на Руската Федерација ѝ нуди специјални преговори поради постојаните напади на челичарата „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол.
„За да се направи тоа, потребни се само три Мариуполски чекори:
- Прогласете вистинско велигденско примирје над Мариупол.
- Веднаш да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите.
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе не е заинтересиран за дипломатски напори за решавање на конфликтот и наместо тоа сака да окупира што е можно повеќе украинска територија, стои во извештајот на Фајненшл Тајмс.
МАКРОН ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА
Французите го реизбраа Емануел Макрон за претседател.
Нов француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




