ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓани почнаа со ноќната стража, утре се чествува Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023
ГРАЃАНИТЕ ПОЧНАА СО НОЌНА СТРАЖА
Ноќна стража има кај гробот на револуционерот Гоце Делчев, каде граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат дo утре. Група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон црквата Свети Спас. Повикуваат и други да им се приклучат, а најавуваат дека ќе останат до утре. Не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи полицијата веќе два дена има барикади.
Од Владата посочуваат дека прославата ќе започне од 8 часот изутрина. На гробот на Гоце Делчев цвеќе ќе положат повеќе делегации.Бугарска делегација утре ќе положи цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев.
Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов утре, на 4 февруари, ќе положат цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, Република Северна Македонија.НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби.
Тој вели дека ова е дел од таа хибридна војна што се води.
„Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настан“, рече Спасовски.ПЕНДАРОВСКИ И ВРАБОЕНИТЕ ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ ОСТАНАА БЕЗ ПЛАТИ
Вработените од Кабинетот на претседателот Стево пендаровски не ја добиле јануарската плата иако секогаш редовно ја добивале на 1-ви од месецот. Од таму велат дека причината е што биле побарани зголемени плати за 5 отсто, а од Министерството за финансии добиле одговор дека за тоа во буџетот за 2023 нема доволно средства.
Побарале образложение зошто им доцни исплатата, на што добиле објаснување. Од Кабинетот на Пендаровски велат: „Образложението што го добивме од Министерството за финансии е дека во буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е
ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати
