30 Септември, 2024
0.0324

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните да бидат спокојни, трошоците за парно ќе бидат исти

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ЌЕ ОСТАНАТ ИСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата во координација со сите институции им предложи на сите компании кои имаат лиценца за снабдување со топлинска енергија, разликата од актуелната до реалната цена, да ја покрие  од буџетот. 

Владата во име на потрошувачите средставата ќе ги уплати на БЕГ, а домаќинствата нема да добијат повисоки сметки за топлинска енергија. Бектеши ги повика Град Скопје и општините да се вклучат за помош, и да се ублажи притисокот кој го имаат компаниите.  Министерот кажа дека 80 отсто ќе покрие Владата. Спомена сума од 5 милиони евра која ќе биде на товар на Владата, а општините ќе покријат милион евра. 

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска изјави дека сите чинители во енергетскиот сектор мора да бидат солидарни. 

Вели дека нашата земја и светот се соочуваат со невидена енергетска криза. 

„РКЕ ќе донесе одлука со којашто цените за топлинска енергија ќе бидат реални. Разликата помеѓу оваа реална цена до постоечката цена ќе бидат покриени во најголем дел од Владата, а во еден сосема минимален дел од Градот Скопје и од општините во градот Скопје. На тој начин ќе се обезбеди потребната ликвидност“, рече Бислимовски. 

Цените најави Бислимовски ќе останат непроменети.

„Трошоците за парно за граѓаните ќе останат непроменети“, вели Бислимовски. 

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ БУЧКОВСКИ

Дадов се од себе да не замре дијалогот меѓу Скопје и Софија, вели за МИА досегашниот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.

Тој е разрешен на седница на Владата. Се надева дека со неговиот ангажман дал и свој придонес кој ќе биде од значење при скорешното продолжување на дијалогот помеѓу двете влади и двајцата нови премиери. 

„Еден мој пријател од Софија, често ми велеше „ти си тука чуварот на огнот, не дозволуваш да се угаси… огнот кој ја подгрева надежта дека Бугарија и Македонија можат и ќе бидат, час поскоро, вистински пријатели и сојузници“, истакна Бучковски.

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕСИ ВО БИТОЛА

Нов земјотрес ја стресе Македонија. Потрес со јачина од 4.3 степени по Рихтер е почувствуван во Макеоднија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар епицентарот на земјотресот кој се случил околу 16 часот и 14 минути бил на 21 километар јужно од Битола во Лерин, северна Грција.

ДЕНЕС СКОРО 2.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по  – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево  по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по - 2, Демир Капија – 1.

РЕАКЦИИ ЗА КАДРИТЕ КОИ ГИ ПРЕДЛОЖИ КОВАЧЕВСКИ

Ниту за, ниту против, туку воздржано. Такво било вчера вечерта гласањето на екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за новите министри кои за владата сака да ги предложи мандатарот Димитар Ковачевски. 

Не се кажува за кои министри имал резерва поранешниот градски татко на метрополата, но претпоставките се дека станува збор за старо-новите кадри, кои ќе најдат место и во новиот владин кабинет на Ковачевски, јавуваат дел од медиумите. 

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, утринава ги даде првите коментари за составот на новата Влада, односно предложените министри и вицепремиери од страна на мандатарот Димитар Ковачевски.

Мицкоски го повика професорот на Правниот факултет на УКИМ, Никола Тупанчески, предложениот нов министер за правда кој доаѓа на местото на Бојан Маричиќ, да го каже своето мислење за барањето на Алтернатива, новиот коалиционен партнер во Владата, за барањето меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, Алмир Алиу итн.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата обезбедила пари од Развојната банка на Македонија кои ќе му се понудат на БЕГ за набавка на гас и веќе им се понудени, но за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот, според пазарни, банкарски услови. 

Комисијата за заштита на конкуренцијата го блокираше тендерот на Агенцијата за електронски комуникации, одобрен од Владата, за 5Г-мрежата, затоа што условите за третиот предвиден оператор кој треба да влезе на домашниот пазар биле неконкурентни.

Казахстан е светски енергетски џин! Плинот и нафтата се само предигра иако ги има во изобилство. Казахстанската државна рударска компанија „Казатом пром“ годишно произведува нуклеарно гориво кое задоволува до 25% од потребите на сите нуклеарни централи и постројки на светот!!! 

Откако преку огласи избра директори на два државни инспекторати, односно на трудовата и на пазарната инспекција, сега Владата преку оглас бара директор и на Државниот инспекторат за животна средина.

Веднаш по новогодишните празници, брзите тестови во аптеките станаа најпродаваниот производ. Матичните лекари се преполни со пациднти, а пред лабораториите редиците луѓе се предолги. 

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО