ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме 4 нови заразени, но откриен е и втор заразен со индискиот сој
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2021
ДЕНЕС ИМА 4 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1.
Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:
Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г), починато во болнички услови.ОТКРИЕН Е ВТОР СЛУЧАЈ НА ИНДИСКИ СОЈ ВО ЗЕМЈАВА
Регистриран е втор случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава.
Се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници. Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче по посетата на реновираниот Здравствен дом во Битола.
„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.ПРОВОКАЦИИ ОД БУГАРИЈА
Се појави нов спот во кој се вели дека Македонија е бугарска.
Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски, на Фејсбук го сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија.
„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност. Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник!“, напиша Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил.
Ова не е прв пат да се појави ваков спот. И претходно, имаше сличен спот со инсерти од повеќе македонски градови во кои се наведуваше дека Македонија е бугарска. Џамбаски е политичар кој постојано упатува провокации кон нашата земја.И Охрид да ни го дадеше, Заев немаше да добие согласност за преговори, пишува бугарскиот портал 24 часа.
ИНДИСКИОТ СОЈ Е МНОГУ ОПАСЕН
Ситуацијата за кратко време може да се претвори во кошмар поради индискиот сој.
За вакво сценарио предупредува професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.