26 Ноември, 2024
0.0371

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме „увезени“ случаи на коронавирус од Албанија, можни се рестрикции

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВО ЗЕМЈАВА ИМА СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС „УВЕЗЕНИ“ ОД АЛБАНИЈА

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека анализата на дистрибуцијата на потврдените случаи во земјава, според начинот на стекнување на болеста, покажува дека најголем дел од инфицираните се преку локален пренос на инфекцијата. Сепак, како што рече, по отворање на границите има вкупно 414 „увезени“ случаи од неколку земји од Европа.

– Најголем број импортирани случаи во земјава се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија – 41, Косово – 24, Бугарија – 22, Турција – 20, Грција – 18 и Австрија – 15 случаи, информираше министерот Филипче на прес-конференцијата.

Состојбата со корона вирусот се влошува, алармираше денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека здравствените власти размислуваат и за повторно евентуално воведување на рестриктивни мерки.

-Летото е зад нас, а ризикот кој го носи есента е сериозен аларм. Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека инциденцата на новозаразени во земјава изнесува 79,2 на 100.000 житечи што е највисок во Европа. 

Според анализите на Комисијата за заразни болести до 19 септември најголем број заболени има во Скопје, Куманово, Тетово,Штип и Струмица, а Штип е со најголема инциденца.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2. 

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1. 

СЕ ОТВОРААТ КИНАТА, ТЕАТРИТЕ...

Владата денеска донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани. 

За работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за овие дејности ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани.

МАНЧЕВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски веднаш на почетокот на денешната собраниска седница за избор на заменик-министрите, поднесе оставка од пратеничкото место, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза.

На потег е Државната изборна комисија која ќе треба да го утврди следниот пратеник кој ќе го замени Манчевски, а потоа ќе заседава и собраниската Комисија за мандатно-имунитетски прашања, се со цел да почне Собранието повторно со работа, односно да продолжи пленарната седница.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Алармантна ситуацијата во Валандово, Струмица, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Пробиштип, Штип, Гевгелија...  Во источниот и јужниот дел на зeмјава во малите градови има вкупно 554 активни случаи на корона вирусот.

Тоне текстилната индустрија. Извозот се намалува и трендот не престанува. Домашните текстилни фабрики немаат начин како да ја пребродат кризата, па бараат нови мерки за директна поддршка од државата.

Најголеми продавачи на нашиот пазар се Зара и ЛЦ Ваикики, а веднаш зад нив е Фешн Груп. Во најголемите се уште: Котон, Магнетик, Мавратех и македонската подружница на Њу Јоркер

Штедачите од Еуростандард банка дефинитивно решија да си ги подигнат парите што им следуваат како обештетување преку Фондот за осигурување депозити.

Македонија е земја со висока невработеност, а преквалификцијата е можност невработените подобро да се „продадат“ на пазарот на труд и да пронајдат работа.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав