ФАКТОР НА ДЕНОТ: Индискиот сој е откриен во Македонија, денес има само еден нов заразен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Јуни, 2021
ИНДИСКИОТ СОЈ Е ДЕТЕКТИРАН ВО МАКЕДОНИЈА
Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информира Министерството за здравство.
Истовремено посочуваат дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава.
-На Клиниката за инфективни болести за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, се наведува во нивното соопштение.ДЕНЕС ИМА 1 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на КОВИД-1 од Куманово.
Регистрирани се 204 оздравени пациент од:
Скопје – 77, Куманово - 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица - по 1.
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во затворот во Шутка.
Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата на Мијалков, и одлучи тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра, но Основниот кривичен суд ја одби и покрај тоа што имаше позитивно мислење од обвинителот Артан Ајро. За одлуката на Кривичен, екс директорот на УБК и неговите адвокати се жалеа до Апелација.
Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во дома за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена, по што се појави и замина во притвор.КРИЗНАТА СОСТОЈБА Е ПРОДОЛЖЕНА
Продолжува кризната состојба во земјава. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која е донесена одлука за продолжување на кризната состојба. Комисијата ја проследи одлуката до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница. Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година.
Претседателот на Комисијата, Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.