05 Декември, 2025
0.1634

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инфициран новинар, Заев и Мицкоски се негативни на Ковид 19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Април, 2020 20:39

Добивај вести на Viber

ЛИДЕРИТЕ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.

Утрово, министерот Венко Филипче објави дека негативен е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Tие биле во контакт со новинар од Канал 5 кој е позитивен. 

До овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук.

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е негативен, но тој ќе биде во изолација една недела. 

Министерот рече дека на Инфективна клиника по два негативни теста се испишани тројца пациенти, а примени се двајца нови. 

Во „8-ми Септември“ има 21 пациент, од кои 6 на респираторна машина. 

Во Битола има 4 во болница и тие се добри. 

„Се следат и пациентите на домашно лекување“, рече министерот. 

Во Штип во болница се примени уште 4 пациенти. 

Досега во земјата се направени над 7.000 тестови. 

ИМА НОВИ 48 ЗАБОЛЕНИ

Во земјава има нови 48 позитивни на Ковид-19 регистрирани во последните 24 часа. 

И овој пад Куманово има најголем број новозаразени. 

Во Скопје има  11, во Куманово 25, Штип  1, Прилеп  4, Тетово 1, Струга 3, Охрид 1, Гостивар 2 случаи. 

ЖЕНАТА ОД ВЕЛЕС ПОЧИНАЛА ОД КОРОНА?

Најден е вирусот во примерок од нивното дишно стебло, вели министерот за здравство, Венко Филипче за мајката и синот кои починаа во Велес. 

„Не е исклучена можностa вирусот да бил присутен во земјава порано“, рече тој. 

Тие неодамна беа откриени, откако соседите почувствувале миризба, и ги алармирале надлежните. 

Според соседите, двајцата членови на семејството последен пат биле забележани пред новогодишните празници.

ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО ДОБИЈА ПРЕКРШОЧНИ ЗА БОНУСИТЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница одлучила да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, бидејќи, како што велат од Комисијата, континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно Законот за спречување на корупцијата.

ВЛАДАТА ЈА ЗГОЛЕМУВА АКЦИЗАТА НА ГОРИВАТА

Владата ќе го прифати предлогот на Стопанската комора и ќе ја зголеми акцизата на нафтените деривати за два денари. Ова го навести министерката за финансии Нина Агеловска денеска. 

„Веќе подготвуваме предлог уредба. Соглсасно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлогот и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора – рече Ангеловска.

Фактор објави дека Стопанската комора бара зголемување на акцизата за два денари. Сите детали овде. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Добиваат откази или сами си даваат откази. Повеќето чевларски работници од Куманово останаа без работа поради коронакризата.

Поддршка за зголемување на акцизите на нафтените деривати и од нафтените компании. 

Стопанската комора побара да се зголемат акцизите на бензините и и на дизелот за два денари, а акцизата за екстралесното гориво да се зголеми за 9 денари и да се изедначи со таа на дизелот, за да запрат злоупотребите со ова гориво.

Светска банка ќе одобри 140 милиони евра за Северна Македонија, а земјата е близу и до добивање на итен заем од 176 милиони евра од Меѓународниот Монетарен Фонд.

Кире Наумов, директорот на Развојната банка на Северна Македонија, очекува следната недела до засегнатите претпријатија-апликанти да се исплатат првите бескаматни кредити.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите