26 Јуни, 2024
0.0288

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Исчезна внукот на Љубе Бошкоски, полицијата работи на случајот

Објавено во: Македонија 06 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ИСЧЕЗНА ВНУКОТ НА БОШКОСКИ

И по неколку дена се уште нема никакви информации за исчезнатиот скопјанец, Самоил Костадиновски, на кого вујко му е политичарот Љубе Бошкоски, односно Самоил е дете од брат на неговата сопруга Виолета. Таа во изјава за ММС.мк изјави дека наводно Костадин од еден автомобил бил префрлен во украдено возило кај чешката амбасада.

- Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен - вели Бошковска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.

ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ДОАЃААТ ОД РУСИЈА И ИРАН

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската емисија „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека полицијата е во трага на изолирана група во која се сомнева дека ги испраќа лажните дојави за поставен бомби изминатиот период, пред се во училиштата. Министерот верува дека зад ваквите закани стојат IP адреси кои водат во Иран и Русија.

- Направивме оперативен тим во која се вклучени сите институции за да имаме поинаков пристап во однос на електронските најави. Јас како министер донесов посебно упатство и се работи од петокот на тоа упатство. 

ГРУПА ГРЦИ ГО НАПАДНАЛЕ НИКОДИМ ЦАРКЊАС

Професорката Ана Павловска Данева на својот Фејсбук профил го коментира молкот на македонските власти откако беше објавено дека група млади луѓе го нападнале попот Никодим Царкњас.

Таа прашува зошто молчи македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи. 

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ЕГЗЕКУТИРАН УКРАИНСКИ ВОЈНИК

Украинци објавуваат видео на кое се гледа како руските сили убиваат заробен Украинец. 

Додека тој пуши цигара, во последните мигови од животот, изговара „Слава на Украина“, по што оној кој го снима го пцуе и го стрелаат. Украинците повикуваат луѓето масовно да ја споделуваат снимката од ова како што велат воено злосторство.  Војната почна лани на 24 февруари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На денешната аукција на новобјавената еврообврзница постигната е камата од 7,625 проценти, тоа е повисока за повеќе од еден процентен поен од претходната распишна еврообврзница, која пропадна бидејќи немаше потпис од сега веќе поранешен министер за правда, Никола Тупанчевски. 

Официјалните податоци на независен тинк-тенк центар докажуваат дека Европската унија е убедливо најголем финансиер на руската агресија во Украина. Во 371 ден од почетокот на отворената руска агресија врз украински територии ЕУ плати речиси 140 милијарди евра за набавка на руска сурова нафта, природен гас и јаглен. Истовремено на Украина без престан и праќаат тенкови, друго тешко и лесно оружје и муниција

Отворањето на двете нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип, Преод и Кадрифаково, на почетокот на јули 2022 донесе рекордни приходи за „Државни патишта“ за дополнителни два милиони евра за само три месеци.

Помеѓу САД и Русија повеќе нема ниту еден важечки договор за ограничување и контрола на нуклеарното оружје, што опасно ја зголемува заканата за катастрофален судир. Алармот е кренат на највисоко ниво, можеби и повеќе од 1962 година при т.н. Кубанската ракетна криза кога светот избегна нуклеарен армагедон по преговорите меѓу Кенеди и Хрушчов.

Кристина Тодорова од Неготино веќе неколку години одгледува свилени буби. Оваа млада девојка објаснува дека тие се хранат со листови од црници, а нивниот конец може да биде долг до 2.000 метри. Таа е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Тодорова вели дека има повеќе фактори кои се важни за правилно одгледување на свилените буби.

Законот за високо образование, донесен во 2018 година, придонесе за надминување на одредени небулози и недоследности кои ги имаше претходниот закон, но и овој Закон за високо образование (ЗВО) треба да претрпи одредени измени, посебно во одредени сегменти кои подетално ќе бидат експлицирани, со цел да се уреди правилно и општествено коректно целиот општествен дискурс во високото образование и да се предложат  решенија за неговите промени кои ќе одат во правец на интегрирање во Европскиот простор на високо образование, вели во разговор за Фактор, проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Филозофскиот факултет при УКИМ и претседател на Одбор за Акредитација.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“