ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанакиески доби условна, а Груевски затвор од година и пол, во меѓувреме има препукувања околу онлајн учењето
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020
ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИ ЗА „ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР“
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, е осуден на една година и шест месеци за организација на случајот „Шамари во Центар“, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има одлука од една година затвор условно доколку во наредните четири години не направи кривично дело.
Кривичниот суд заклучи дека група граѓани ги малтретирале и силно тропале по бараката број 6 и цело време ги отвирале прозорците.и довикувале пред Општина Центар додека се носеле одлуки за урбанистичкиот план.
Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел и од поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го отвори овој случај, побара максимални казни за обвинетите.
Билјана Чурилова, советничката во општината, се здобила со повреда, а била скршена и влезната врата преку која се стигнува до салата за седници. Оваа состојвбасо закани траела се до пристигнувањето на странските амбасадори, а кај советниците е предизвикана состојба на несигурност.
Од внатре по телефонска врска Димче Крстев, за кого е изречена мерка за безбедност, Александар Трајковски Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски Трајко Пецевски и Мирко Стојчев го известувале Миле Јанакиески за состојбата. Повеќето од нив на денешното рочиште добија условни казни.СЕ ТЕСТИРА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА
Oд СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес како опозиција продолжува со деструктивно однесување, кое е спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес.
Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е почнат и сѐ уште се наоѓа во тест-период.Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври.
Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.
- За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.ЕДИ РАМА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД МАКЕДОНИЈА И НА ПОТПИША КАКО „УБАВИНИТЕ НА АЛБАНИЈА“
Фотографијата од водопадот во Македонија, веќе е тргната од фан страницата на албанскиот премиер, Еди Рама.
Од македонската Влада реагирале и побарале да се направи корекција, но и да се даде објаснување.
Oткако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, по што имаше многу реакции, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и дека фотографијата по грешка е објавена дека е од Албанија.
Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.ОСУМ ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.
Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).ЧИТАЈТЕ УШТЕ