ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јованов призна вина, a семејството на Фросина бара најстрога казна
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2025 21:31
ВАСИЛ ЈОВАНОВ ПРИЗНА ВИНА ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА ФРОСИНА КУЛАКОВА
Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.
Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и призна вина.
- Најпрво сакам да изразам најдлабоко сочувство на целото семејство и да се извинам за тоа што сум го сторил. Никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто. За вината, да судија виновен сум, рече Јованов.КОЧАНЧАНЕЦ СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА БАНДЕРА И ПОБАРА ПОМОШ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ
Од плоштадот на Скопје, денеска млад човек испрати силна порака до јавноста. Тој во знак на бунтовност се залепи со селотејп на една од бандерите на скопскиот плоштад, а потоа пред новинарите разјасни зошто тоа го сторил. Вели дека пожарот во Кочани не смее да се заборави и испрати силна порака:
„Овие деца се пуштени од болница и ќе немаат цел живот раце. Барем да им помогнеме. Толку ли бргу нè заборавивте нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино наместо деца да одат на такви места и да се глупираат таму, нека гледаат филм. Ми загинаа пет другари и некој ме прашува: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас сум секако духовно врзан.МВР ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ
Министерството за внатрешни работи утрово со детали за вчерашнта пукотница во кафуле во Штип, но и потерата по напаѓачот кој имал и помошници.
Убиецот заедно со уште четири други лица се уапсени и во текот на денот ќе следат понатамошни активности поврзани со случајот.
- На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал - соопшти портпаролот на МВР.ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД НАПАДОТ ВО ДИВО НАСЕЉЕ
Се навршија 10 години од крвавите настани во кумановско Диво насеље, каде упадна терористичка група од Косово.
ВУЧИЌ ОТИДЕ ВО МОСКВА, ИМА РЕАКЦИИ ВО ЕУ
Пристигнаа првите реакции од Европа за посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва.
Социјалдемократите од Европа испратија повик до највисоките официјални лица на Европската унија да реагираат на посетата на претседателот на Србија во Москва.
„Рековте дека ќе има последици, делувајте сега”, пишува во нивното соопштение.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




