26 Ноември, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Каракачанов тврди дека Бугарија ќе каже „не“, денес нови 152 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ПРОВОКАТИВНА ИЗЈАВА ОД КАРАКАЧАНОВ 

Нова провокација од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов. Тој за „ТВ Европа“ изјавил дека Бугарија ќе каже дека не е време за меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија, и во моментов зборува во име на владата.

Според Каракачанов, бугарските власти ја усволиле „рамковната позиција“ минатиот октомври како резултат на непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.

„Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Во моментов зборувам во име на владата, потенцирал Каракачанов.

Каракачанов кој е и министер за одбрана вели дека Македонија имала три години време да се превоспита. Додава дека поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи. 

НОВИ 152 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1. 

Во болнички услови се починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г). 

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО НА КОЕ СЕ ГЛЕДА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИ ТЕПААТ ЧОВЕК

Полицајци тепаат човек, а од Министерството за внатрешни работи велат дека е утврден нивниот идентитет. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана. 

Претходно,  на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како униформирани полициски службеници тепаат маж. 

ВРХОВЕН ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА КОЧАН

Бизнисменот Сеад Кочан веќе ја издржува затворската казна од 4 години и осум месеци но Врховниот суд вчера одлучувал за предметот по барањето на одбраната да се преиспита должината на акзната. Сепак судот соопшти дека по преиспитувањето правосилната пресуда е потврдена 

„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението на Врховниот суд Скопје. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Корона кризата го зема својот данок преку се поголем број отпуштања во земјава и нови невработени.

За период од шест месеци од стартот на кризата, или конкретно од крајот на февруари наваму, поради економските последици предизвикани од коронаврирусот, во земјава без работа останале дури 38.943 лица.

До Владата веќе пристигнале неколку барања од компании кои сакаат да добијат статус на стратешки инвеститори. Ова на последната пресконференција го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши.

Пандемијата на Ковид-19 ја намали економската активност, ги погоди фирмите ама и граѓаните. Страдаа многу семејства кои останаа без приходи, се изгубија работни места. Во вакви услови се намалуваше потрошувачката на граѓаните, а Владата со мерки и преку картички се обиде да ја стимулира. 

Јавното претпријатие Македонски Железници - Инфраструктура има 9,7 милиони евра доспеан а неплатен долг по девизни кредити, а Владата веќе донесе одлука да бара кредитор за 426 милиони евра за изградба на пругата од Кичево до Струга 

Останува претходната одлука на Владата: Настава со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение во сите основни училишта

Огромен дел од  училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, покажува анализта што ја направи Синдикатот за образование и наука-СОНК, но ресорното  Министерство дека се прават сите неопходни подготовки за успешен старт на учебната година од 1. октомври

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав