05 Декември, 2025
0.1636

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се укине полицискиот час, денес има 4 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јуни, 2021 20:52

Добивај вести на Viber

ЌЕ СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Утрово Комисијата за заразни болници донесe одлука на Кризниот штаб да му биде предложено од 16 јуни да се укине целосно полицискиот час. Според Комисијата, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.

Исто така, предложено е да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

Третата одлука е да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

ДЕНЕС ИМА 4 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19, и тоа тројца од Скопје и еден од Прилеп. 

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица  –  по 1.

Пријавено е едно починато лице:  од Скопје (66г), во болнички услови.

Направени се 1.337 тестови преку: ИЈЗ-28, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-81, Биотек-157, Систина-115, лабораторија Лаор-0, Синлаб-14, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-141, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 597.

Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.

СУДИИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.

-По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15 отсто. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10 отсто оваа и 5 отсто следната година, кажа Маричиќ.

СЕ ОТСТРАНУВААТ ПЛАТФОРМИ ВО СТРУГА

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, денеска рече дека шест платформи на плажите на Охридското крајбрежје ќе се отстранат, додека останатите објекти имале одобрение. Ова струшкиот градоначалник го кажа пред првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

„Им благодарам на сите иматели на платформи на крајбрежјето, во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме „црна овца“, туку да се солидаризираат со колегите од Охрид, за Струга, Република Северна Македонија да не го загуби статусот на УНЕСКО, туку да се доближќиме до УНЕСКо, да се инвестира уште повеќе во ова крајбрежје. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Речиси сите увозници на облека произведена од реномирани глобални бренд-производители лани биле на работ на рентабилноста или во позитивна нула. Заеднички им се , со само еден исклучок, големи падови на профитот проследени со значајни намалувања на продажбата

Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1, односно онаа во Бунарџик, има површина од 140 хектари, од кои корисна површина е 71 отсто. Површина издадена под закуп е 49 процентио, а процентот на искористеност е само 20 отсто. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите