ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната ја однесе третата жртва, за викендите забрана за движење по 16 часот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020
ЖЕНА ОД ДЕБАР Е ТРЕТАТА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека имаме уште една почината пациентка на 66 годишна возраст од Дебар.
Таа имала хипертензија, а беше на респираторна машина.
Бројот на заразени е 177. Од денес ново е тоа што има заразени во Прилеп и Велес.
Тестирани се 4 лица, и за нив ќе има ново тестирање.
Ако и тој тест е негативен, пациентите ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Од новите 29, пет лица се од кожната клиника.
Тие се во добра општа состојба.Пет се позитивни од 30 тестирани од Кожната клиника, oбјасни министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Сите кои беа во изолација ќе бидат тестирани во етапи.СЕ ОГРАНИЧУВА ДВИЖЕЊЕТО ЗА ВИКЕНДИТЕ
Владата забрани движење на сите граѓани за време на викендот од 16 до 5 часот наутро.
Ова е соопштено попладнево.
Граѓаните треба да ги почитуваат сите мерки за заштита кои ги испорачаа надлежните.
Заразени од Ковид 19 има по повеќе македонски градови.ВАРХЕЈИ ВЕТИ ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА
Определивме првична финансиска помош и ги утврдуваме начините за ублажување на социо-економските последици од кризата со коронавирусот, порача еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.
Тој денеска со писмо го информираше премиерот, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.
„Вархеји во писмото наведува дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата. Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка. Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот“, информираат од Владата.ПОПОВИ СО ТЕМЈАН ГО БРКААТ КОРОНАВИРУСОТ
Напомош во битката против коронавирусот се вклучија и свештени лица.
За тоа говорат и неколку фотографии, како и видео споделени на Твитер од Велес и од Кавадарци.
На Твитер се шират видеа и фотографии од Велес, но и од Кавадарци, на кои се гледа како неколку попа од Македонската православна црква, едните качени на камион, другите на пикап, се возат низ Велес и Кавадарци, пеат песни и чадат со темјан.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Додека трае вонредната состојба поради коронавирусот, двојките нема да можат да склучуваат брак надвор од просториите на матичното.
Но, склучувањето на граѓански брак може да се направи во матично.Кога многу повеќе ќе се израдувавме, во октомври лани, Европа не успеа да се договори да ја крене рампата за Македонија. Ветото на францускиот премиер Емануел Макрон тогаш ги распрсна нашите надежи за приближување кон елитниот европски клуб.
Сепак, пет месеци подоцна, Македонија од Брисел доби зелено светло за отворање пристапни преговори со Европска Унија.Кризата во автомобилската индустрија ќе трае многу подолго од економската криза во другите сектори, вели за Фактор, Виктор Мизо, Генерален директор на „Костал“ Македонија.
Секторот кој учествува со над 50 проценти во македонскиот извоз трпи последици од ширењето на коронавирусот, многу порано од сите други индустрии, бидејќи заразата прво почна во Кина, која од тогаш почна да ги затвора фабриките.Не постои голем страв поради ширењето на коронавирусот во Лондон, но се забележува нервоза од неизвесноста. За луѓето се невообичаени редиците пред големите маркети или пред аптеките, сведочи Роберт Мех, Македонец, кој веќе 20 години живее во Лондон.
Вели дека во изминативе неколку денови во аптеките во Лондон едноставно нема да се купи топломер.
Се враќа ли оптимизмот на берзите, ќе биде ли ова пократок удар од првично очекуваниот. Слични прашања си поставуваат берзанските аналитичари од вчера наваму кога индустрискиот индекс на Њујоршката берза Доy Џонс порасна за 11 проценти забележувајќи го најголемиот раст во историјата.
Кризата со коронавирусот двојно им ја намали дивидендата на акционерите на „Тетекс“. Тие, поради новонастанатата состојба ќе добијат преполовена дивиденда во споредба со онаа што претходно планираа да ја поделат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.