23 Ноември, 2024
0.0447

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната „коси“, Борис Трајковски повторно се отвора за вакцинација

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Август, 2021

Добивај вести на Viber

И ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирањe, а регистрирани се 1.250 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 421, Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Радовиш и Валандово – по 10, Кочани и Берово – по 9, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2, Богданци - 1.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 84, Гостивар – 44, Тетово – 43, Куманово – 18, Струмица – 15, Дебар – 12, Кичево – 11, Берово – 9, Кавадарци – 5, Прилеп, Битола и Велес – по 4, Штип – 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Неготино, Крива Паланка и Радовиш - по 1.

Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г),  по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).

ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Вип Арената Борис Трајковски повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација. 

Тој вели дека овој пат нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.

„Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови“, рече Филипче.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРИФАТИ 650 АВГАНИСТАНЦИ, ЗА НИВ НЕМА КАРАНТИН

Нашите државјани од Авганистан се вратени дома, а оттаму ќе згрижиме 650 цивили. 

Премиерот Зорнан Заев вчера имаше работна средба преку видео конференциска врска со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД, Венди Шерман, а на која беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО. Ги информирал сојузниците дека Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата во овој момент е подготвена да прифати околу 650 граѓани. Вкупната бројка на медиумски работници и членови на нивни семејства кои ќе бидат згрижени во нашата земја ќе достигне над 80.

Тие нема да бидат во карантин, туку ќе бидат тестирани и вакцинирани. 

КОРОНАТА НЕ СТИВНУВА  И ВО РЕГИОНОТ

Според податоците на РТЦГ, во црногорскиот град Будва, во последните 14 дена, имало 1.432 заразени со коронавирусот на 100 илјади жители. 

Тоа е скоро двојно повеќе од второпласираниот Котор со 712 заразени лица. Вчера во Будва се регистрирани 2.384 пациенти, што претставува зголемување од дури 50 проценти.

Соседна Србија се подготвува за ламбда сојот на коронавирусот. 

Српскиот инфектолог д-р Бранислав Тиодоровиќ изјави дека ситуацијата во Србија станува сè полоша.  Тој вели дека ќе имаат смртни случаи, но и помладите луѓе ќе бидат заразени во поголема мера. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип