ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната „коси“, денес има 32 починати од вирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Август, 2021 21:20
КОРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ 32 ЖИВОТИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 7.084 тестирањe, а регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица - 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 451 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен – по 8, Кавадарци – 7, Штип – 6, Радовиш, Кочани и Берово – по 5, Прилеп и Свети Николе – по 3, Виница и Охрид – по 2, Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија – по 1.
КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НЕ ДОНЕСЕ НОВИ МЕРКИ
Нови рестрикции поради коронавирусот засега нема.
Остануваат на сила активните ковид мерки, заклучи Комисијата за заразни болести. Таа донесе само заклучок дека актуелните мерки даваат резултати и во моментов дека нема потреба за воведување на нови ковид мерки.
Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека актуелните мерки кои и сега важат остануваат на сила. Влезот во угостителските објекти и моловите останува забранет за оние кои немаат примено барем една доза на вакцина како и за сите кои го прележале вирусот пред повеќе од 45 дена. Од 1 септември почнува да важи и забраната за влез во Македонија за невакцинирани патници без разлика од каде доаѓаат. Македонските државјани кои ќе сакаат да влезат во Македонија по 1 септември а не се вакцинирани ќе треба да направат ПЦР тест или пак ќе бидат пратени во задолжителна изолација.
Во некои од европските земји има нови услови за влез.
ВО ТЕТОВО ПОЧИНА 36 ГОДИШНА ЖЕНА
Десет пациенти починаа од Ковид-19 во тетовската болница меѓу кои и триесет и шестгодишна жена, дознава Слободен печат.
„Ни еден од починатите не бил вакциниран и сите биле со коморбидитети, односно придружни болести. Нема подобрување, многу пациенти бараат прием и преглед. Имаме 120 хоспитализирани, со прва доза се вакцинирани девет, а со втора три пациенти. Починати за жал имавме многу, десетмина и сите невакцинирани и со пропратни болести. Почина жена која беше донесена во многу тешка состојба при прием и почина во текот на приемот. Тоа е многу млада жена, под 40 години“, истакна раководителот на ковид-одделението доктор Гзим Нуредини.
Четвртиот бран со Делта сојот ќе биде најсилен досега, премсмета професорот од Техничкиот факултет-Битола, Дејан Трајковски.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер





