05 Декември, 2025
0.0356

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната „коси“, Караџовски вели власта не сакаше да послуша

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Август, 2021 21:19

Добивај вести на Viber

24 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 357, Гостивар  и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга  - 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од: Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Велес, Крива Паланка и Виница  - по 1.

Пријавени се 24 починати лица: по 6 починати лица од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г),  5 починати лица од Куманово(59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г),  2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

КАРАЏОВСКИ СО КРИТИКА ДО ВЛАСТА

Четвртиот бран на пандемијата што избувна од почетокот на август, според здравствените власти ќе го достигне својот пик кон крајот на овој месец. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, за Алсат изјави дека пациент со делта сој може да зарази 7 други лица и ги критикува властите дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото. 

„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето - масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои.“, изјави Караџовски.

Тој рече дека за да не се воведува карантин и полициски час по четврт пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно, за што е можно помалку време..

ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ ИАКО БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица. 

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. 

ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ЛИЧНИ КАРТИ

Од утре продолжува печатењето и издавањето лични карти. Владата го одобри подзаконскиот пропис усогласен со Законот за лична карта и со Законот за употреба на јазиците. 

Владата денеска ја одржа редовната 100-та седница со единствена точка на дневен ред на која беше разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

 
„Соодветно на информацијата, Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти“, соопштуваат од Владата. 

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ УШТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште 19 нови кандидати за градоначалници за локалните избори на 17 октомври, а меѓу нив беше потврден Тони Михајловски за Куманово.

Владимир Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ги новите кандидати, за Михајловски рече дека е успешен и наградуван театарски, филмски и телевизиски актер и комичар

За Ѓорче Петров беше потврден Александар Стојкоски, доктор радиолог и поранешен пратеник, додека за Охрид и официјално ќе се трка Кирил Пецаков, пратеник и специјалист по детска стоматологија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Берово идната година ќе одат на обука во Словенија. Ова е договорено со колегите од Словенија кои дојдоа и помогнаа во гаснење на пожарите во Малешевијата.

Ако март, април, мај и јуни годинава беа „златни“ за увоз на половни возила во земјава, тоа сигурно не може да се каже за јули, кога значително опаднал бројот на увезени употребувани автомобили во државава.

Јавното претпријатие за државни патишта купува струја од компанијата Енерџи деливери Солушнс (ЕДС) во итна набавка без објавен оглас. Вкупната цена на договорот е 613.515 евра со ДДВ (41,3 милилиони денари), а во договорот нема детали за причините за итноста, па и донесената одлука поради тоа, да не се објавува оглас туку струјата да се купи со преговарање со ЕДС, компанијата чиј поранешен сопственик е екс вицепремиерот Кочо Анѓушев.

АД „Водостопанство“, претпријатието за наводнување и одводнување, станува уште еден државен економски товар, затоа што не може на крај да излезе со исплатата на обврските и со наплатата на побарувањата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите