ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната „коси“, најавени уште 70 Aвганистанци
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Август, 2021
ДЕНЕС ИМА 19 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 166 оздравени пациент од: Скопје – 39, Тетово – 38, Кичево – 16, Куманово – 13, Гостивар и Струмица – по 10, Кавадарци – 6, Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5, Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.
Пријавени се 19 починати лица: по 6 починати лица од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.РАСТЕ БРОЈКАТА НА АВГАНИСТАНЦИ КОИ ЌЕ ДОЈДАТ ВО МАКЕДОНИЈА
Премиерот Зоран Заев при гостување во дневникот на Сител кажа дека сме спремни да примиме и до илјадници бегалци од Авганистан. Сега се потврдени уште 70 миротворци.
„Првата причина е хуманоста и солидарноста, а втората е обврската како земја членка на НАТО, се работи за миротворци, активисти за човекови права, преведувачи, жени и деца, не се работи за милитарци, џихадисти“, рече Заев.
Според него, не треба да се биде голем или богат за да се покаже големо срце.
ЕК ГО ПРИЗНА МАКЕДОНСКИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИСеверна Македонија e прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одлуката ја донела Европската комисија денеска и со неа се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од нашата земја ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19.
„Ова значи дека нашата земја ќе биде поврзана со системот на ЕУ и дека сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација. На овој начин нашите граѓани ќе ги избегнат ограничувањата во патувањата, како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, вели Османи.ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА СО ЛИЧНА КАРТА СО ИСТЕЧЕН РОК
Премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце рече дека постои техничка можност граѓаните со истечен рок на лична карта да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, но според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација.
Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица. Според Заев, Левица со овие амандмани се однесува радикално и нанесува непоправливи штети.
„Политичката партија БЕСА овој предлог го поднесе со одложено дејствие од 2023 и со можност Европа да се изјасни по ова прашање, но со таквата блокада патат и трпат граѓаните.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.