05 Декември, 2025
0.3042

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koроната однесе четири жртви, од утре почнува екстракција на плазма

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Април, 2020 20:06

Добивај вести на Viber

КОРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ЖРТВИ

Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус, а во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, од кои потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Починати се четири лица. 

 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ починало едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Починал и пациент од Битола кој се лекувал во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Од новозаболените, од Скопје се четворица, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.

ОД УТРЕ ПОЧНУВА ЕКСТРАКЦИЈА НА ПЛАЗМА

Пациентите кои денес починале имале и претходни заболувања, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Починаа 4 лица во изминатото деноноќие. 

Направени се 298 тестови за 24 часа, при што има 13 новозаразени. 

„18 се до потешка клиничка слика, а 5 се на механичка вентилација“, рече министерот за згрижените на Инфективната клиника. 

Центарот за јавно здравје Велес, утре ќе добие нов директор поради направените пропусти во работењето.

Утре е закажана првата екстракција на плазма, рече министерот. 

НАЕСЕН МОЖЕН Е НОВ БРАН

Големи се шансите наесен да имаме нов бран на заразени. 

Од светската пандемија со Ковид-19 сите земји научија како треба да го организираат нивниот здравствен систем за во наредниот период, а ние сме на добар пат за тоа, изјави денеска министерот Венко Филипче. 

Како што додаде наесен ќе има и дополнително оптоварување поради сезонскиот грип.

ТРИ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“

Три години од инцидентот кој се случи во Собранието на 27 април, 2017 година, или добропознатиот Крвав четврток. 

Споедлувајќи фотографии, тогашнте пратеници, кои сега се претставници на власта во земјава, се сеќаваат на немилиот настан, со желба никогаш да не се повтори.

„Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава. На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владејачка партија, кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции. Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот. Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата“, пишува премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Денес, потенцира тој, сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации нa некои од членовите на Собранието.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во 2019 година, 5,4 oтсто од вработените луѓе во Европската унија (ЕУ) кои биле на возраст од 15-64 години изјавиле дека работат од дома, покажуваат податоците на Евростат.

Иако огласот од 19 милиони евра за купување на нова механизација за РЕК Битола за ископ на јаглен, беше објавен од АД ЕСМ уште во декември минатата година, и натаму се уште нема тенедерска разрешница. 

Политичките интриги повторно стануваат интересни со најавите за свикување на Собранието по поведената иницијатива од страна на СДСМ и неколку партии меѓу кои и БЕСА, како и можни брзи избори по укинувањето на мерките за ограничено движење. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија