30 Септември, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски седна во фотелјата на Заев, новата Влада почна со работа

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ОД ЗАЕВ

Зоран Заев денеска во Владата му ја предаде функцијата премиер на Димитар Ковачевски, откако синоќа пред полноќ во Собранието беше изгласан новиот владин состав.

Областа на економијата, образованието, иновациите, инфраструктурата, евроинтеграциите се темите кои ќе доминираат во утрешниот разговор во Скопје, најавува новиот премиер Димитар Ковачевски пред пристигнувањето на претседателот на бугарската влада Кирил Петков.

- Јас се надевам дека прво низ работа, бидејќи ние со Петков нема да потпишуваме договори, ќе ја вратиме довербата. За соработка во областа на економијата, ќе ги повикаме стопанските комори, универзитетите ќе соработуваат во образованието, ќе има соработка и во иновациите. Во обвразованието и младите ќе воспостават подобра комуникација помеѓу себе, рече Ковачевски по приемот кај претседателот Стево Пендаровски.

Очекува дека овие теми ќе надвладеат над историските и најави средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВЛАДАТА ПОЧНА СО РАБОТА

Определени се вицепремиерите и нивните должности на првата седница на Владата. 

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.

ПЕТКОВ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕ ГО СПОРАТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва изјави дека тие на ниеден начин не го доведуваат во прашање идентитетот и јазикот во Северна Македонија. 

Вели дека се гордеат затоа што Бугарија е прва земја која ја признала Македонија. 

„Кога си самостојна држава ние по ниеден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува“, рече Петков во интервју за ТВ Сител.

ВО БИТОЛА ПОЧИНА 33 ГОДИШНА ЖЕНА КОЈА НЕ БИЛ ЗАРАЗЕНА СО КОРОНА

Утринава на Инфективното одделение во Битола починала жена на 33-годишна возраст, објави Независен. Од Клиничката болница Битола велат дека жената не била позитивна на вирусот, но е хоспитализирана како сомнителна на ковид-19. Поради брзата смрт побарана е судско-медицинска обдукција врз телото на починатата со цел да се утврди причината за смртта.

ДЕНЕС ИМА НАД 700 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иако не е масовно како порано, сепак и денес во земјава има граѓани кои практикуваат за Нова година и Божиќ да праќаат честитки. Оваа година за празниците се испратени 115.058 честитки.

Откако две досегашни пратенички заминуваат на многу повисоки и поодговорни функции во новата Влада на Димитар Ковачевски, а тие се Славјанка Петровска која ќе седне на позицијата министерка за одбрана, како и Бисера Костадиновска-Стојчевска, која ќе биде министерка за култура во новата Влада на Димитар Ковачевски, Законодавниот дом ќе треба да биде пополнет со двајца нови пратеници кои ќе добијат позиции на народни избраници.

Укинување, транзиција, реформа. Тоа се неколкуте термини за да се означи една промена што се случи во финансискиот свет од почетокот на годинава, а се поврзани со LIBOR каматната стапка.

Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на премиерот во заминување Зоран Заев, по шест месеци е отповикан како директор на секторот ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани за време на енергетската криза која инаку купува струја од надворешниот пазар за да се покријат стопроцентно потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Ден за фотографирање и срдечни поздрави, благодарност, со желби за успешно и одговорно вршење на министерските функции.  Поранешните министри кои си заминуваат од Владата им посакаа добредојде на нивните наследници и им ја предадоа раководната палка со министерствата. 

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација