05 Декември, 2025
0.0811

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kовид центрите пред затворање, денес има 14 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Мај, 2021 19:43

Добивај вести на Viber

КОВИД ЦЕНТРИТЕ СЕ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примен пациент и двајца биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени двајца  оздравени пациенти.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 14 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:
Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).

БУГАРИЈА БАРА ГАРАНЦИИ

Нашата политика кон Северна Македонија е доследна, вели бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев. 

Тој денеска  изјави дека  предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.

„Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина“, вели тој. 

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

Здравствените власти вчера известија дека уште 18 лица починале од коронавирус и дека се регистрирани седум нови случаи на заразени.

Новиот број на заразени со ковид е потврден со 1.418 тест во претходните 24 часа и 0,49 проценти од испитаниците биле позитивни.

Меѓу 18-те починати, за девет лица е пријавено дека починале како резултат на ковид во април дома.

Досега, 5.329 лица починаа од коронавирус во Македонија, дијагностицирани се 155.067, а 2.798 се активни случаи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бран на идни поскапувања најавуваат стопанствениците, а очекувања за забрзување на инфалцијата очекуваат и економските аналитиачри. Народната банка веќе соопшти дека ја ревидираше стапката, па за годинава очекува стапка на инфлација од 2,2 проценти. Прогнозите за следните две години се нешто пониски односно два отсто во 2022 и во 2023 година. 

Дебарски бањи“ е пример како на дело се покажува грижа за персоналот т.е. за вработените. Лани петмината членови на Одборот на директори од почетокот на корона кризата (мар 2020 н.з.) самоиницијативно се откажале со изјави од платите и надоместоците. Целта била да не отпуштат ниту еден вработен од работа и успеале во тоа!

Акционерите и вработените на една од најуспешните македонски компании, тетовската гордост, „Тетекс“, денеска имаат навистина голема причина за славење. Комбинатот го одбележува 70 годишниот јубилеј, успевајќи во сите изминати години да им одолее на бројните предизвици и да стопанисува со огромна посветеност и успех, без оглед на политичките и економските системи кои владееја низ минатото.

На само два-три дена или најдоцна еден ден пред 1.јуни Комисијата за заразни болести ќе расправа за евентуално олабавување на анто-ковид мерките. Извори на Фактор од Комисијата посочуваат дека во периодот кој следи најверојатно ќе се препорачаат нови мерки, а дел од сегашните, кои се на сила до 1.јуни ќе престанат да важат.

Дури осум ланци супермаркети лани во Македонија имале приходи од продажба поголеми од 50 милиони евра, според официјалните податоци кои ги доби „Фактор“. Од нив, седум имаат раст на приходите од продажба лани во споредба со 2019 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите