25 Ноември, 2024
0.0359

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија е подрачје со голем ризик за инфекција, денес има шест починати од коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА Е ПОДРАЧЈЕ СО ВИСОК РИЗИК ОД ИНФЕКЦИЈА

Северна Македонија моментално е назначена како ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19.

Ова го соопшти Германската амбасада во земјава на својата официјална фејсбук страница.

Сите лица што престојувале во ризична област 10 дена пред влез, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во Германија. Оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, изземени се само патници кои транзитираат (со автомобил или авион).

Сите лица се дополнително обврзани: најмногу 48 часа пред влезот да направат КОВИД-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од 10 дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање; пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de. 

ЗА 24 ЧАСА 6 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.

Стапката на заразени од тестираните се спушти под 10 отсто и таа изнесува 9,3 отсто.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје-350, Куманово-19, Тетово-10, Прилеп-36, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-17, Струмица-15, Кавадарци-28, Кочани-9, Кичево-1, Свети Николе-4, Гевгелија-6, Неготино-12, Дебар-8, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-3, Валандово-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-1, Крушево-9, Демир Капија-1.  

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША УКАЗОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

ЗИБЕРИ Е ИЗБРАН ЗА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Насер Зибери е избран за народен правобранител. 

Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не беше активен во политиката, односно за цело тоа време работи како нотар. Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Претходно, а и по напуштањето на Владата, беше пратеник. 

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД КАРАКАЧАНОВ

Бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов изјави дека треба да се запре со омраза затоа што како што вели сме биле еден народ. 

Тој вели дека е наивно да се очекува промена на позицијата на неговата земја по изборите на пролет или евентуален притисок од американската администрација на новиот претседател Џо Бајден.

„Не се надевајте, како што вели бугарскиот народ од двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од друга страна. Завршете ја работата, спроведете го Договорот за добрососедство и работата ќе тече! Престанете да ги едуцирате младите со говор на омраза кон Бугарите, затоа што ние сме еден народ. Едуцирањето на едната страна да ја мрази другата е целосно нелогично, непродуктивно и нема да доведе до ЕУ“, рече Каракачанов.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Добрите фриленсери, посебно програмерите месечно можат да заработат и по неколку илјади евра. Но, за да стигнат до оваа заработка потребно е да имаат искуство и добро да ја познаваат работата. Овој вид на ангажман, работа од дома за странски клиенти, носи пари, доколку фриленсерот се докаже во сферата во која работи.

Додека се прават некои новини во можностите за пензионирање, а и други се во најава, пензискиот фонд годината ја почнува со буџет во кој вкупните расходи се над 1,3 милијарди евра. Од сите овие пари за пензии треба да се потрошат милијарда и 20 милиони евра. 

Претприемачите и основачите на стартапи имаат се поголем избор на можности за финансирање, како дома така и од странски избори на инвеститори. Покрај ФИТР, комерцијалните банки, ангел инвеститорите кои допрва треба да добијат поконкретна структура како и странските фондови, на располагање им се и фондовите за ризичен капитал кои вложуваат во одреден стартап во замена за сопственички удел во компанијата.

Дали заврши времето на исплата за патни и дневни трошоци и до 2.000 евра месечно по пратеник, или тоа се должи на новонастанатите здравствени околности во земјата и светот во изминатата година, како и на новите правно-политички услови?

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски