23 Ноември, 2024
0.0391

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ги почнува преговорите со ЕУ, а од утре Куманово е во карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ГИ ПОЧНУВА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Министрите за Европа и надворешни работи ја потврдија нацрт-одлуката на ЕУ за почеток на преговорите за прием на Македонија и Албанија. Истото ќе следи и на Самитот на лидерите на земјите-ченки в четврток. 

Денешната одлука се смета за најрелевантна за тоа дали Македонија по 15 години чекање ќе ги започне преговорите, а на 26 март треба само да биде формално потврдена.

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција изјави дека Македонија ги почнува преговорите со ЕУ. 

Вели дека има завидни резултати во повеќе области. 

Рече дека ова е успех кој го чекаме 15 години. 

„Денес можеме да бидеме горди зашто чекањето заврши“, рече Спасовски. 

Спасовски рече дека сега водиме битка со короната, која е невидлив, а толку присутен непријател. 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на прес-конференција изјави дека сега од нас зависи и дека сме изоделе долг пат за да почнеме преговори со ЕУ. 

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи рече дека ова Македонија го заслужила и дека тоа не е никаков подарок. 

ОД УТРЕ КУМАНОВО ВО КАРАНТИН

Од утре во општина Куманово стапува во сила одлука за забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, информираа од Владата. 

Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз. Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот. Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме“, додаваат од Владата. 

Во Куманово порасна бројот на заразени со Ковид 19. Има пет нови случаи, од кои два лекари и една медицинска сестра. 

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека  во Скопје има 7 и во Куманово 5 нови заразени со коронавирусот. 

„Во кумановската болница вчера интензивно се работеше, се правеа интервјуа. Се правеа првични, секундарни контакти. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра“, рече Филипче. 

Ниту еден од семејството на починатата нема клиничка симптоматологија. 

Ќе бидат тестирани сите кои беа поврзани со случајот од кожна клиника, а во Куманово е направена комуникација со лица во врска со починатата пациентка. 

Одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено, затоа што персоналот бил во контакт со заразен. 

Во болницата во Кавадарци засега нема заразени. 

ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ ПРЕД ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, потврди дека лицата кои во униформи грубо на граѓаните им порачуваат преку социјалните мрежи „Седете дома колошари“ се полициски службеници и ќе бидат казнети, додека во другиот случај лице кое се заканува дека ќе тепа и ќе затвора за време на полициски час истиот се претставувал лажно и ќе биде санкциониран парично.

„Во однос на информациите и фотографиите објавени во дел од медиумите на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредливa содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 ја информирам јавноста дека:

Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема работа за занаетчиите откако Македонија е во вонредна состојба поради коронавирусот.

Целиот сектор е загрозен, и му се заканува крахирање ако власта не преземе мерки за да ги заштити занаетчиите. 

Работните места на занаетчиите висат на конец.

Интернет супермаркетите во Македонија се оптоварени со онлајн-нарачки со вонредната состојба што ја погоди и нашата земја и превентивните здравствени мерки кои имаат влијание како на начинот на купување, така и на самата хипер-побарувачка за одредени производи. 

Доколку нарачата сега достава до вашиот дом, производите најверојатно ќе ви пристигнат дури пред или на почетокот на април.

Банкарите чекаат на Уредба на Владата за да се види точно како ќе спроведе олеснувањето на плаќањето на ратите за кредитите за граѓаните и за фирмите. 

Она што е извесно дека најверојатно нема секој клиент да добие повластување од банката. 

Независната ревизија дала мислење со резерва за деловното работење на Граве осигурување неживот во финансиските извештаи за лани затоа што во 2018 година книжеле потценета бруто резерва за штети во износ од 350.000 евра што влијаело годината да ја завршат со добивка

Дури 500 милиони евра. Толку паднала вредноста на топ десетте македонски компании на Берзата за нецели три недели, откако и нашиот пазар на капитал со соочи со кризата и падот на цените на акциите предизвикани од коронавирусот.

Сепак и покрај се, ова е голем ден за нашата држава, вели за Фактор професорот Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи, дипломат. Во услови на своевидна психолошка криза, пандемија, раст на бројот на заболени, вели Малески, моментотот на соопштената одлука е тежок. Долгорочно нема дилеми одлуката има исклучително значање за Македонија и е една од најважните одлуки во историјата на државата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси