30 Април, 2024
0.0302

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија и Косово одржаа заедничка меѓувладина седница, а германските експерти заминаа во Тетово

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ОДРЖАА ЗАЕДНИЧКА МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА

За екстрадиција на осудените во „Монструм“, Косово ќе бара меѓународна помош.

Премиерот на Косово, Албин Курти вели дека има предмети што не се разјаснети до крај. 

„Министрите за правда на двете влади се во директен редовен контакт и тие соработуваат во врска со македонското барање за испорака на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети во случајот „Монструм“, изјави денеска косовскиот премиер Албин Курти во Скопје. 

На првата македонско-косовска меѓувладина седница се потпишани 11 договори, меморандуми и програми, кои опфаќаат и соработка во меѓугранични проекти преку ИПА програмата на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, културата и туризмот. 

Двајцата премиери Зоран Заев и Албин Курти уверуваат дека договорите кои биле потпишани на првата заедничка седница на двете влади, ќе бидат реализирани. Иако истакнуваат дека двете земји имаат исти интереси, нивните ставови во врска со иницијативата „Отворен Балкан“ се разликуваат. 

ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗАМИНАА ВО ТЕТОВО

Германските експерти со својата опрема пристигнаа во опожарената модуларна болница за ковид-пациенти во Тетово, која на 8 септември пламна за неколку минути и како резултат на тоа 14 лица загинаа, а 12 пациенти беа повредени.

Германскиот тим се состои од четворица експерти, каде што како што објави Владата пред извесно време, двајца од нив се форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.

„Двајца форензички експерти се за истражување на пожар и двајца форензички експерти за ласерско мерење и фотографирање на просторот. Министерството за внатрешни работи веќе подготвува соодветна помош во форма на алатки, скици, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничката проверка на фактите “, изјавија пред неколку дена од Владата.

ДАНИЛОВСКИ ГИ ИСКОМЕНТИРА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Универзитетскиот професор и еден од најпознатите епидемиолози во земјава, кој своевремено беше министер за здравство, д-р Драган Даниловски, денеска во гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24 нагласува дека присуството на цивили во болницата, односно блиски на пациентите е само резултат на отсуство на правилен и квалитетен менаџмент.

-Бидејќи и јас без министер на времето, би постапил како што постапи заменик-министерот за здравство, Илир Хасани и веднаш ќе поднесев оставка. Присуството на цивили во ковид болница, е поради отсуство на правилен и квалитетен менаџмент, кој треба да се состои од планирање на ресурси и анализа на состојбата. Дошле роднините таму. Па нема друго решение. Или ќе умре за вода или ќе стисне заби член на семејството за да му се најде на болниот. Тоа е кикс во менаџментот. 

ЗАЕВ ДАДЕ ОДГОВОР ЗА РАШКОВСКИ

Поранешниот државен секретар Драги Рашковски, кому му е одреден куќен притвор за спорна набавка на софтвер, е фотографиран како се шета низ Аеродром, а  премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека поранешниот владин функционер има дозвола да оди на лекар.

Заев вели дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.

УШТЕ 28 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10, Кратово – 8, Свети Николе – 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово  - по 1.

Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 281, Куманово – 39, Битола – 33, Тетово – 27, Струмица – 24, Кавадарци и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Прилеп – 14, Радовиш – 12, Дебар – 11, Штип – 10, Ресен и Крива Паланка – по 9, Пробиштип – 7, Велес и Кочани – по 5, Неготино и Валандово – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3, Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Народна банка ќе потроши околу 2,2 милиони евра за печатење на нови банкноти во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари. Веќе е договорен првиот оператор - руското акционерско друштво „Гознак“, кое ќе треба да ги изработи 100-ките за 24,6 милиони денари, или 400.000 евра. За банкнотите од 1.000 и 2.000 денари треба да се извлече најповолната понуда на 20 септември, откако еднаш јавната набавка не успеа, а услугата ќе чини 107 милиони денари заедно.

И оваа година не оди добро со капиталните инвестиции. За седум месеци или повеќе од половина од 2021 година се реализирани само 31 отсто од инвестициите, или вкупно 150 милиони евра, наспроти 484 милиони евра колку што се предвидени да се остварат за цела оваа година.

Градската општа болница „8 Септември“ повторно е еден од најголемите ковид центри во Македонија. Според податоците кои за Фактор ги соопшти директорот, д-р Христијан Костов, таму се хоспитализирани 90 тешко болни пациенти. Смета дека дневно се уште има многи нови приеми. Само во последните 24 часа се примени 12 нови пациенти позитивни на вирусот.

Можеби ќе ве интересира

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите