ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија има рекорден број заразени од тестирани, а Бугарија пак останува на тврдите ставови
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Ноември, 2020
РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ОД ТЕСТИРАНИ
Во земјава за 24 часа имаме рекорден процент на позитивни од тестирани, дури 42,6 отсто.
Ова е највисок процент досега откако почна пандемијата.
Починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.БУГАРИЈА ОСТАНУВА НА ТВРДИТЕ СТАВОВИ
Македонски и бугарски политичари одат на средба во Берлин.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Од Владата за МИА потврдија дека Димитров и Османи се поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.
Целта на разговорите во германскиот главен град е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.
Бугарија се заканува со вето на македонските преговорите со ЕУ.Владата на Холандија достави на гласање одлука до националниот парламент, според која со Северна Македонија нема пречки за отпочнување на преговорите со ЕУ, додека истото прашање за Албанија ќе треба да почека.
Според холандската влада, Северна Македонија продолжува да ги спроведува неопходните реформи и е посветена на патот кон членство во ЕУ., па според тоа, не гледа пречки за закажување на првата меѓувладина конференција.СТОЈКО ПАУНОВСКИ Е ПОЗИТИВЕН
Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој е заразен со корона вирусот и во моментов е во самоизолација, односно на домашно лекување, за Фактор изјави дека ноќта ја поминал во тешка состојба со висока температура, а од утринава, е подобар.
-Што да кажам, многу тешко било. Во текот на ноќта температурата ми беше доста висока, 38,2 а еве од сабајлево само 35. За среќа, и ќерката ми е докторка, па ме следи. Веднаш се јавив, однсоно отидовме во Клиниката за инфективни болести, ми дадоа антибиотска терапија, сумамед и панцеф, а сега за сега сатурацијата ми е добра. Така велат докторите. Имам сатурација 97. Да бидам искрен, на толку чување, еве и јас се заразив. Пазете се, чувајте се сите, воопшто не е лесно, изјави за Фактор, директорот на ДПИ, Пауновски.
Инаку, тој уште синоќа на својот профил на Фејсбук профил информираше дека е позитивен на корона вирусот, но напиша дека нема симптоми.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.