ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе има 20 министерства, Сиљановска - Давкова нема право на вето на законот

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2024 21:45
СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА МИНИСТЕРСТВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕМА ПРАВО НА ВЕТО
Македонија отсега ќе има 20 министерства, а засега е непознато колку пари ќе се одлеат од Буџетот за оваа намена.
Наместо 16 министерства, сега ќе имаме 20. Предлагач на ваквите измени е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а предлогот доцна синоќа го прифатија 88 пратеници.Од Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска - Давкова укажуваат дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон.
Тој се носи со двотретинско мнозинство, па во согласност со член 75 од Уставот, претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот.Заменик министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ ја повика претседателката да не го потпишува Указот за синоќа усвоениот Закон за организацијата и работата на органите во државната управа.ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на синоќешната собраниска дебата кажа дека реорганизацијата на министерствата не носи бенефит за граѓаните.
Според него, ова ќе се покаже како неефикасно.Пратеничката Славјанка Петровска изјави дека за само 10 дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски трипати го погази зборот.
Потсети дека на 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира.
МАТУРАНТИТЕ ПАК ПРЕПИШУВАЛЕ
Средношколци повторно споделувале тестови во вибер групи.
Директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска вели дека истото се повторило и сега со тестовите по математика и англиски јазик.
Начинот на препишување, според Михајловска, бил идентичен како и минатата недела, односно во вибер група, ученик споделил фотографија од празен тест и барал од останатите членови да му помогнат.СЕ САМОУБИ УСЕИН РАШИДОВ КОЈ СО 40 УБОДИ УСМРТИ ЖЕНА ВО КОЧАНИ
Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Младеновска од Кочани, Усеин Рашидов.
Toj минатата недела на свиреп начин ја уби жената, а утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.
Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.фото Фејсбук/Гордана Сиљановска - Давкова
Можеби ќе ве интересира
ПУКАЛ СО „БЕРЕТА“ ВО СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК – КУРШУМИ ВО АРКАДАТА И СЛАБИНАТА: Истрага за обид за убиство против прилепчанец

Приведен Ејуп Рустеми, екс директорот на „Државни патишта“, за управителот на „2СС“ се бара притвор

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО АПЕЛ ДО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Да се третираат само во здравствени установи и специјализиран кадар, несоодветна терапија носи ризик од последици

ЌЕ ВРАЌАМЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ СМЕ ГИ ИМАЛЕ ДО 2008 ГОДИНА: за поголема безбедност во угостителските објекти

УПОЗ бара обезбедување за јавната администрација, по нападот на службеничка во Прилеп

НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ СИЛНО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се крева алармот, колку се безбедни клубовите во Грција?

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред
